Денес, Скудерија Ферари, го прославува својот 85-ти роденден. Тимот е формиран на 16 ноември 1929 година, благодарение на упорноста на Енцо Ферари и денес е најуспешниот тркачки тим во светот, кој може да се пофали со непроценлива историја. Тим претставува предводник на италијанското знаме на тркачките патеки низ целиот свет.
Пјеро Ферари, син на основачот, се сеќава на тој историски момент: "Раѓањето на Скудерија, на 16 Ноември 1929 година, е еден од најреалните примери за главните карактеристики на татко ми, храброст и страст за светот на трките. Во година на првата голема светска криза, тој имал храброст да создаде тим кој се состоел од аматерски возачи на трките од таа епоха, бидејќи тој ја споделувал нивната голема љубов за светот на конкуренцијата. Неговата определба и неговата решителност, исто така, може да се види во начинот на кој ги одредил главните точки на статутот на компанијата и потоа ги напишал на салфетка во еден ресторан заедно со адвокатот Енцо Леви."
На инаугуративната седница на Одборот на директори, било одлучено дека Скудерија ќе го има своето деби на четвртата трка од Mille Miglia на 12 и 13 Април 1930 година, со автомобилите на Алфа Ромео. Првата победа дојде на 15 јуни истата година со Тацио Нуволари во Алфа Ромео П2. Тоа е првата победа, од долгиот список на први места, кој продолжува до денешно време и придонесе за легендарниот статус на Скудерија, тим од кој најдоброто допрва треба да дојде.
СРЕЌЕН 85-ТИ РОДЕНДЕН СКУДЕРИЈА ФЕРАРИ!!!
11/16/2014 12:29:00 AM
0
Tags
Share to other apps