Предпладневната сесија ја помина на медиум гуми, и им дозволи на Фелипе Маса и Кими Раиконен да се пресметаат на супер-меките гуми за најбрзото време во тој дел од сесијата. Вилијамсот беше за 0.014 секунди побрз од Ферарито.
Хамилтон, првата половина од попладневниот дел од сесијата ја помина во својата гаражата, за тимот да примени, она што го нарекоа "експериментално" подесување на W06 Хибрид. Кога се врати на патеката Хамилтон со меки гуми беше побрз од Вилијамс и Ферари на супер-меки. По деталниот извештај за вчерашниот ден, тест програмите на Ф1 тимовите и на денешниот ден беа слични, немаше некои поголеми возбудувања, па денес ќе бидеме пократки.
ТРЕТ ТЕСТ ДЕН
ВОЗАЧ | ТИМ | ВРЕМЕ | РАЗЛИКА | КРУГОВИ |
1. Луис Хамилтон | Мерцедес АМГ | 1:23.022(М) | 76 | |
2. Фелипе Маса | Вилијамс | 1:23.262(СМ) | + 0.240 | 102 |
3. Кими Раиконен | Ферари | 1:23.276(СМ) | + 0.254 | 136 |
4. Карлос Саинц ЈР. | Торо Росо | 1:24.191(СМ) | + 1.169 | 132 |
5. Роман Грожан | Лотус | 1:24.200(СМ) | + 1.178 | 116 |
6. Маркус Ериксон | Заубер | 1:24.477(СМ) | + 1.455 | 123 |
7. Нико Хулкенберг | Форс Индија | 1:24.939(СМ) | + 1.917 | 158 |
8. Кевин Магнусен | Мекларен | 1:25.225(М) | + 2.203 | 39 |
9. Даниел Рикиардо | Ред Бул | 1:25.742(Ме) | + 2.720 | 128 |