На половина од денот ништо не навестуваше дека Ветел ќе го има најбрзото време, затоа што до паузата за ручек Розберг неприкосновено беше осамен на врвот на табелата, со половина секунда предност пред Даниел Рикиардо со Ред Бул. По паузата за ручек, Себастијан Ветел по проблемите со телеметријата, кои одзедоа многу време да се поправат, излезе на патеката за она што се покажа дека е квалификациона симулација, т.е извозе неколку брзи кругови, од кои најбрзо време беше 1:22.620, половина секунда побрзо од Розберг, кој до крајот на денот беше поминат и од возачот на Заубер, Маркус Ериксон.
Нико Розберг и Мерцедес АМГ не беа нешто потресени од тие случувања на патеката, туку само вртеа круг по круг со темпо за во трка. На крај сопреа на 157 комплетирани кругови, речиси сто пати повеќе од Ветел и речиси двојно повеќе од Ериксон. Иако ова не се болиди со премногу непознаници, но што е многу, многу е за прв тест ден. Ако Мерцедес АМГ ја имаат решено издржливоста на W06 до перфектност, слободно може да ја скокнеме и оваа Ф1 сезона. Ќе навиваме само кој ќе им прави друштво на подиумот на двајцата возачи на овој тим. Имам претчуство дека и борбата меѓу нив нема да биде истата од минатата година.
Од тимовите од кои се очекуваше повеќе кругови секако се Ред Бул и Мекларен. Даниел Рикиардо успеа да комплетира 35 круга во претпладневниот дел од сесијата, кога неговиот РБ11 почна за испушта бел чад од моторот и веќе не се врати на патеката. Сепак на првиот ден комплетираа двојно повеќе круга, од сите четири тест дена од минатата година во Херез. Поставеното најбрзо време беше доволно за четвртото место на табелата.
Мекларен и Фернандо Алонсо мораше да се задоволат со само шест круга. Имаа задоцнет почеток на денот по проблемите со болидот. Алонсо комплетираше неколку инсталациски кругови, а за некои побрзи обиколки и не можеше да стане збор, па затоа го имаше убедливо најбавното време со заостанување од огромни 18 секунди зад најбрзиот болид. Според фановите на патеката во Херез, Хонда V6 не звучел баш дека е со во ред.
По задоцнетиот почеток на денот и од страна за Вилијамс, Валтери Ботас успеа да дојде до 73 комплетирани круга, забележувајќи го петтото најбрзо време. Зад него се пласираше Карлос Саинц ЈР во својот деби настап во болидот на Торо Росо. Ја заврши сесијата еден час пред официјалниот крај поради технички проблеми, предизвикувајќи го едно од двете црвени знамиња. Другото црвено знаме по извртувањето на патеката во почетокот на денот го предизвика Маркус Ериксон со Заубер, тим кој е особено задоволен од првиот ветувачки тест ден.
Утре, понеделник, на вториот ден од тестирањето, своето деби ќе го има Холанѓанецот Макс Ферстапен со Торо Росо STR10. Покрај тоа, го очекуваме на патеката E23 болидот на Лотус, кој доцна вечерва пристигнал во Херез. Инженерите на овој тим ги очекува сложен процес на негово подесување во текот на ноќта и утрешниот ден, па првото позначајно појавување на патеката во Херез се очекува дури во вторник, 3 Февруари. Фотографии од денешниот ден на нашата ФБ страна
ПРВ ТЕСТ ДЕН
ВОЗАЧ | ТИМ | ВРЕМЕ | РАЗЛИКА | КРУГОВИ |
1. Себастијан Ветел | Ферари | 1:22.620 | 60 | |
2. Маркус Ериксон | Заубер | 1:22.777 | + 0.157 | 73 |
3. Нико Розберг | Мерцедес АМГ | 1:23.106 | + 0.486 | 157 |
4. Даниел Рикиардо | Ред Бул | 1:23.238 | + 0.718 | 35 |
5. Валтери Ботас | Вилијамс | 1:23.906 | + 1.286 | 73 |
6. Карлос Саинц ЈР | Торо Росо | 1:25.327 | + 2.707 | 46 |
7. Фернандо Алонсо | Мекларен | 1:40.738 | + 18.118 | 6 |