Себастијан Ветел најбрзото време го постави при квалификациона симулација, т.е извозе неколку брзи кругови, од кои најбрзо време беше 1:20.948, седум десетинки од секундата побрзо од вчерашното време. Најбрзото време во двата случаи беше поставено на медиум гумите на Пирели. Тој утре го предава болидот на Кими Раиконен, кој треба да тестира на последните два дена.
Ред Бул и Мекларен повторно со проблематичен ден. Дањил Квјат во своето деби со RB11, на почетокот на денот имаше мало излетување, при што го скрши предното крило. Изненадување беше тоа што во тимот на Ред Бул немаа резервно предно крило, па младиот Русин извозе само инсталациски 18 круга, без поставено време. За утрешниот ден се очекува да пристигне замена за оштетеното предно крило од нивната база во Милтон Кејнс.
Истата судбина на Фернандо Алонсо ја имаше и Џенсон Батон, повторно со само шест круга. Хонда ПЕ има големи проблеми на почетокот од првата пред сезонска тест сесија. Иако ова се вообичаени проблеми кои ги имаа останатите тимови минатата сезона, но 6 круга на ден се многу премалку за тим кој би атакувал на висок пласман.
Конечно свое деби на патеката имаше болидот на Лотус, Е23, а прв зад воланот седна Пастор Малдонадо. Болидот беше составуван за време на ноќта, но сепак успеа да комплетира повеќе кругови од Мекларен и Ред Бул, но она што не остави впечаток е релативно бавното време. Веќе се чувствува издржливоста на Мерцедес Бенц ПЕ, што наговестува многу подобра сезона за овој тим.
Повторно втор најбрз беше Заубер, за кој дебитираше Фелипе Наср, со меките гуми на Пирели. Повторно солиден број на кругови, 88. Валтери Ботас го забележа третото набрзо време со 61 комплетиран круг. Макс Ферстапен со болидот на Торо Росо сесијата ја заврши на 5-тото место на табелата. Во попладневниот дел од сесијата заврна дожд, а Холанѓанецот и Џенсон Батон беа единствените возачи кои излегоа да ги испробаат болидите на влажната патеката.
Утре, вторник, 03.02.2015, тест сесијата продолжува во својот трет ден. Фотографии од денешниот ден на нашата ФБ страна.
ВТОР ТЕСТ ДЕН
ВОЗАЧ | ТИМ | ВРЕМЕ | РАЗЛИКА | КРУГОВИ |
1. Себастијан Ветел | Ферари | 1:20.948 | 89 | |
2.Фелипе Наср | Заубер | 1:21.867 | + 0.883 | 88 |
3. Валтери Ботас | Вилијамс | 1:22.319 | + 1.335 | 61 |
4. Луис Хамилтон | Мерцедес АМГ | 1:22.490 | + 1.506 | 91 |
5. Макс Ферстапен | Торо Росо | 1:24.167 | + 3.183 | 73 |
6. Пастор Малдонадо | Лотус | 1:25.802 | + 4.818 | 41 |
7. Џенсон Батон | Мекларен | 1:54.655 | + 33.671 | 6 |
8. Дањил Квјат | Ред Бул | / | / | 18 |