Како што се сушеше асфалтот, така времињата се подобруваа. Нико Розберг беше зад воланот на W06 Hybrid и повторно рекордер со комплетирани 151 круг и трето најбрзо време. Само еден мал проблем кога неговиот болид застана на патеката пред паузата за ручек, но ништо сериозно.
Ред Бул и Мекларен како по обичај беа најпроблематичните тимови. Мекларен и Хонда го имаа најдобриот тест ден, на кој Фернандо Алонсо успеа да комплетира 32 круга во утринските часови.
При второто излегување Шпанецот откри проблеми со ПЕ, што значеше предвремен крај на денот. Тоа го остави MP4-30 убедливо на последното место од табелата. Интересно е да одбележиме дека од тимот Алонсо доби јавни пофалби дека го открил проблемот уште пред да биде детектиран од компјутерскиот софтвер.
Кај болидот на Ред Бул се вратија "гремлините" од минатата сезона, па мораше да биде променета ПЕ на Рено. Тоа значеше многу малку комплетирани кругови за Даниел Рикиардо, кои ги извозе во неколку кратки стинтови при крајот на денот. Пастор Малдонадо со Лотус Е23 успеа да комплетира 91 круг, но на крајот од сесијата неговиот болид се исклучи на патеката.
Фелипе Маса за прв пат имаше шанса да го испроба 2015 болидот и го забележа најбрзото време за F37 на оваа тест сесија. Ретко го спомнуваме тимот на Торо Росо, кои мирно си ја спроведуваа својата тест програма, а денес имаа 136 круга без никакви проблеми.
Утре следува последниот тест ден во Херез, а следна станица е патеката во Барселона од 19-22 Февруари.Фотографии од денешниот ден на нашата ФБ страна.
ТРЕТ ТЕСТ ДЕН
ВОЗАЧ | ТИМ | ВРЕМЕ | РАЗЛИКА | КРУГОВИ |
1. Фелипе Наср | Заубер | 1:21.545 | 108 | |
2. Кими Раиконен | Ферари | 1:21.750 | + 0.205 | 92 |
3. Нико Розберг | Мерцедес АМГ | 1:21.982 | + 0.437 | 151 |
4. Фелипе Маса | Вилијамс | 1:22.276 | + 0.731 | 71 |
5. Пастор Малдонадо | Лотус | 1:22.715 | + 1.168 | 96 |
6. Карлос Саинц ЈР | Торо Росо | 1:23.187 | + 1.642 | 136 |
7. Даниел Рикиардо | Ред Бул | 1:23.901 | + 2.356 | 48 |
8. Фернандо Алонсо | Мекларен | 1:35.553 | + 14.008 | 32 |