Мерцедес АМГ е убедливо најиздржливиот болид и во Барселона, со компплетирани најголем број кругови. Нико Розберг во предпладневниот дел од сесијата забележа 66 круга и реши да го предаде болидот на својот тимски колега по паузата за ручек, како превенција за да не се комплицира воспалението на вратниот нерв, кој му задаваше големи болки во текот на минатите денови.
Луис Хамилтон, пак закрепнува од високата температура, денес се чувствувал многу подобро и успеа да забележи 89 круга. Како по обичај најбрзиот болид на гридот не беше заинтересиран да поставување на најбрзи времиња. Кога би одзеле една секунда од забележеното време на Луис Хамилтон (претпоставка дека разликата помеѓу медиум и меките гуми е 1 секунда), се гледа дека болидот на Мерцедес АМГ би имал повеќе од половина секунда предност пред најбрзото време денес на Даниел Рикиардо.
Ред Бул конечно задоволен од поминатата километража. Австралијанецот беше најзафатениот возач на патеката Каталуња, комплетирајќи дури 142, а останати возачи кои ја надминаа границата од 100 круга беа и Маркус Ериксон со Заубер, Серџо Перез со минатогодишниот болид на Форс Индија и Карлос Саинц ЈР. со Торо Росо.
Мекларен и Фернандо Алонсо имаа за нив релативно продуктивен ден без поголеми проблеми, и најголем број на комплетирани круга во еден ден. Сепак од тимот велат дека поминале само половина од планираната тест програма планирана пред почетокот на оваа тест сесија.
Џолион Палмер го имаше своето деби во новиот болид на Лотус Ф1, Е23 и заврши пред своите конкуренти, Маркус Ериксон и Карлос Саинц ЈР. Тест сесијата продолжувва и утре, а најновите фотографии може да ги погледнете на нашата ФБ страна.
ВТОР ТЕСТ ДЕН
ВОЗАЧ | ТИМ | ВРЕМЕ | РАЗЛИКА | КРУГОВИ |
1. Даниел Рикиардо | Ред Бул | 1:24.574 | 142 | |
2. Кими Раиконен | Ферари | 1:24.584 | + 0.010 | 90 |
3. Фелипе Маса | Вилијамс | 1:24.672 | + 0.098 | 88 |
4. Серџо Перез | Форс Индија | 1:24.702 | + 0.128 | 121 |
5. Луис Хамилтон | Мерцедес АМГ | 1:24.923 | + 0.349 | 89 |
6. Нико Розберг | Мерцедес АМГ | 1:25.556 | + 0.982 | 66 |
7. Фернандо Алонсо | Мекларен | 1:25.961 | + 1.387 | 59 |
8. Џолион Палмер | Лотус | 1:26.280 | + 1.706 | 77 |
9. Маркус Ериксон | Заубер | 1:27.344 | + 2.770 | 115 |
10. Карлос Саинц ЈР. | Торо Росо | 1:28.945 | + 4.371 | 100 |