Во тимот на Вилијамс веруваат дека погонската единица на Ферари за оваа сезона е огромен чекор напред, по перформансите прикажани на трката за Големата награда на Австралија. Себастијан Ветел заврши трет во дебито за Ферари, додека Ферари придвижуваниот болид на Заубер, со Фелипе Наср зад неговиот волан заврши петти, како потврда на големо подобрување за двата тима од минатата сезона.
Роб Смедли рече: "Ако побараме два тима кои направиле огромен напредок, тоа се Ферари и Заубер. Што е заедничко за нив? Одговорот е прилично јасен, Ферари ПЕ е голем чекор напред..."
Фелипе Маса, исто така, има само пофални зборови за Ферари ПЕ: "Ако се погледне каде ја завршивме сезоната и каде сме сега, тие имаат направено голем чекор. Само погледнете ги времињата по кругови. На крајот на минатата сеозна, бевме 12-15км/ч побрзи од Ферари, а сега тие се слични, и можеби се малку побрзи од нас."
Мониша Калтенборн, тимскиот шеф на Заубер, признава дека е изненаденa од прогресот на Ферари ПЕ за 2015 сезоната: "Тоа е многу голем напредок. Тие имаат направено навистина добра работа и јас сум пријатно изненадена. Секој тим има потреба од таков вид на ПЕ, никогаш не е само до болидот, треба да го имате вистинскиот пакет во целина."
Сепак, Роб Смедли вели дека тимот на Вилијамс има најголем потенцијал да напредува од останатите Ф1 тимови: "Она што го гледам е огромна промена во менталитетот на Вилијамс во текот на изминатите 12 месеци. Воздушниот тунел прави фантастична работа со зголемените перформанси кои ги добива нашиот болид, а момците од одделот за механички дизајн успешно си ја вршат својата работа. Имаме безбеден, издржлив и добро избалансиран болид, така да ние треба само да продолжиме со одличната работа. Не би бил скромен, но верувам дека ние како тим можеме да ги победиме сите останати тимови."
ВИЛИЈАМС - ФЕРАРИ ПЕ Е ОГРОМЕН ЧЕКОР НАПРЕД
3/22/2015 01:27:00 PM
0
Share to other apps