Уште со почетокот на денешниот ден, Луис Хамилтон со поставување на најбрзото време на саботниот тренинг покажа дека е расположен за освојување на првата стартна позиција. Неговата доминација продолжи и во квалификациите поставувајќи го најбрзото време во сите сесии. Во негова корист беше фактот што неговиот тимски колега, Нико Розберг, никако не можеше да го смири својот болид и правеше премногу грешки за да биде сериозен конкурент денес на патеката во Алберт Парк. Првиот брз круг во Q3 не го ни заврши, додека решавачкиот круг беше речиси 6 десетинки побавен од најбрзото време на Хамилтон.
Дека Мерцедес АМГ е премногу доминантен, се гледа и во предноста на Розберг пред третопласираниот Фелипе Маса од 8 десетинки, и покрај многуте грешки на Германецот, а зад Хамилтон огромни 1,4 секунди. Но, зад болидите на Мерцедес АМГ сигурно ќе биде возбудливо, бидејќи возачите на Ферари, Себастијан Ветел и Кими Раиконен, заостануваа само за една десетинка од Маса, и беа 3 десетинки пред неговиот тимски колега на 6-тата стартна позиција. Валтери Ботас да не го имаше малото излетување од патеката на излезот од последниот свиок, несомнено и тој ќе се вмешаше во таа борба. Да напоменеме дека Финецот е на медицински прегледи поради болки во грбот, а лекарите треба да дадат дозвола дали може да настапи на утрешната трка.
Ред Бул и покрај проблемите со Рено ПЕ изненади, барем Даниел Рикиардо, кој стигна до седмата стартна позиција, од која може да се вмеша во борба за што подобра место на гридот пред домашната публика. Дањил Квјат само на 13-тата стартна позиција. Мекларен е другиот тим кој за своите лоши стартни позиции може да се заблагодари на својот снабдувач со ПЕ. Џенсон Батон и Кевин Магнусен ќе стартуваат од последниот стартен ред, бидејќи Манор не успеа да ги подготви своите болиди за учество на денешните квалификации, со што немаат право и за старт на трката. Стјуардите поднесоа приоговор за нив, во кој се бара да ги објаснат причините за своето неучество.
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА
1. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 1:26.327
2. Нико Розберг Мерцедес АМГ 1:26.921 + 0.594
3. Фелипе Маса Вилијамс 1:27.718 + 1.391
4. Себастијан Ветел Ферари 1:27.757 + 1.430
5. Кими Раиконен Ферари 1:27.790 + 1.463
6. Валтери Ботас Вилијамс 1:28.087 + 1.760
7. Даниел Рикиардо Ред Бул 1:28.329 + 2.002
8. Карлос Саинц ЈР. Торо Росо 1:28,510 + 2.183
9. Роман Грожан Лотус 1:28.560 + 2.233
10. Пастор Малдонадо Лотус 1:29.480 + 1.153
* 2014 1. Луис Хамилтон, Мерцедес АМГ, 1:44.231 (дожд)
Q2 Најбрзо време: Луис Хамилтон 1:26.893
11. Фелипе Наср Заубер 1:28.800 + 1.907
12. Макс Фестапен Торо Росо 1:28.868 + 1.975
13. Дањил Квјат Ред Бул 1:29.070 + 2.177
14. Нико Хулкенберг Форс Индија 1:29.208 + 2.315
15. Серџо Перез Форс Индија 1:29.209 + 2.316
Q1 Најбрзо време: Луис Хамилтон 1:28.586
16. Маркус Ериксон Заубер 1:31.376 + 2.790
17. Џенсон Батон Мекларен 1:31.422 + 2.836
18. Кевин Магнусен Мекларен 1:32.037 + 3.451
NQ. Роберто Мери Манор не учествуваше
NQ. Вил Стивенс Манор не учествуваше
107% време: 1:34.786