Двајцата возачи на Ферари, Себастијан Ветел и Кими Раиконен, сметаат дека третата стартна позиција на Австралиското Гран При била на дофат и реално остварлива ако не беа грешките од нивна страна. Германецот и Финецот беа надминати во завршните фази од Q3 сесијата од страна на возачот на Вилијамс, Фелипе Маса.
Себастијан Ветел: "Фелипе извозе извонреден втор брз круг. Но, мислам дека тоа време беше на дофат со првиот сет на гуми, кога требаше да бидам малку побрз, но тоа не беше така. Јас сум виновникот. При вториот брз круг, во смисла на стратегијата, можеби можевме да изиграме поинаку. Кога се ќе се собере, тоа беше многу добар резултат да се имаат и двата болиди во првите пет."
Кими Раиконен: "Имав доста голема грешка, која ме чинеше три десетинки во третиот свиок, но имаше улога и при следните два свиоци. Остатокот од кругот беше прилично добар и јас надокнадив од изгубеното време, но тоа не беше максимумот. Требаше да бидеме на П3, но што е, тука е. Ние би биле една секунда зад Мерцедес АМГ, па малку е разочарувачки да стартувам од П5. Сепак, мислам дека ние се уште можеме да имаме добра трка. Времето ќе има голем удел, но како и минатата година ние сме посигурни со нашето темпо за во трка, кое оваа година е многу подобрено во целина."
ДУОТО НА ФЕРАРИ СО ГРЕШКИ КОИ ГИ ЧИНЕА ТРЕТА СТАРТНА ПОЗИЦИЈА
3/14/2015 02:11:00 PM
0
Share to other apps