Во тимот на Ред Бул владее големо разочарување од својот партнер и снабдувач со ПЕ - Рено, по денешниот почетен ден од 2015 сезоната, кој изобилуваше со многу проблеми за нив.
Даниел Рикиардо, звездата на тимот, не можеше да учествува на вториот слободен тренинг поради проблем со ПЕ, а во првиот го имаше само 10-тото најбрзо време. По деталните проверки е утврдено дека тимот ќе биде во можност да ја поправи ПЕ.
Но, сите во тимот се разочарани од Рено, а Хелмут Марко беше најгласен во критиките кон својот мото партнер.
"Моторот се расипа по само 50 поминати километри. Ние имавме состанок во средата во Англија. Лицата задолжени за Рено се уште не се тука, тие доаѓаат вечерва. Ова е тотално неприфатливо." - рече тој при јавните критики упатени преку Австриската телевизија ОРФ.
"Ова не може вака да продолжи. Ние добиваме само празни ветувања, повторно и повторно. Следниот пат ќе биде подобро, резултатите од тестирањата се охрабрувачки."
"Но, ако имате дефект на моторот, по само 50 километри, тоа е несфатливо. Со сите надградби, управливоста е значителна полоша отколку при тестирањето. Наместо подобрување, ние отидовме чекор назад. Разликата со врвот е застрашувачка...", заврши Марко.
Исто така, отворена лутина по денешните тренинг сесии во Мелбурн, покажа и шефот на овој тим, Кристијан Хорнер:
"Моменталната моќност на ПЕ е иста како што ја имавме во Абу Даби минатата година."
РЕД БУЛ Е ПРИ КРАЈ СО НЕРВИТЕ ПОРАДИ РЕНО ПЕ
3/13/2015 03:35:00 PM
0
Share to other apps