ВАЖНО, ВАЖНО, ВАЖНО!!! Не заборавајте дека од ноќта Сабота спрема Недела, стрелките на часовникот треба да ги поместите за еден час понапред, бидејќи започнува летното сметање на времето!
Во споредба со Мелбурн се надеваме дека ќе видиме повеќе болиди на гридот, па ако се оди по план со тимот на Манор од каде се најавува дека ќе бидат 100% подготвени, би требало да се стигне до бројката од 20 болиди. За Победата целиот фокус ќе биде насочен кон тимската борба помеѓу Луис Хамилтон и Нико Розберг. Претходната трка покажа дека актуелниот светски шампион е во добра форма, додека Нико Розберг немаше сили да му се спротистави. Доколку Германецот сака да се вмеша во борба за Титулата, мора да реагира веќе на оваа трка и да докаже дека е достоен за да биде Шампион. Мерцедес АМГ ги има убедливо најбрзите болиди, а единствено нешто што може да ги запре е технологијата, времето или ескалација на тимската борба. Зад Сребрените стрели повторно ќе имаме дуел помеѓу Вилијамс и Ферари. Ред Бул, исто така, би сакал да се вмеша во оваа борба, со планираните подобрувања на Рено ПЕ.
Сепанг е една од патеките каде со новите прописи се менува оптоварувањето на моторот. Од шесте главни компоненти на Хибридните ПЕ, моторот ќе биде под најголем притисок во Малезија. На долгите правци од по еден километар тие ќе работат на својот максимален број на вртежи, а турбото ќе биде во близина на 100.000 вртежи во минута над 10 секунди. Кога имаме нагли сопирања и забрзувања, потршувачката е голема, па затоа и на оваа трка ќе треба да се штеди на гориво.
Поради тропските температури трката во Малезија е еден од најголемите предизвици во сезоната. Особено, дебитантите треба да покажат дека добро се подготвиле во текот на зимската пауза. Важна тема се секогаш стратегијата и абењето на гумите. Поради грубиот асфалт и високите температури Пирели ги носи своите најтврди смеши. Минатата година две застанувања во бокс беа минимумот. Поради променливите временски услови тајмингот за промена на гумите треба да се испланира да биде во вистинскиот момент од трката. Ако заврне дожд, точката на префрлање од една на друга гума на Пирели може да направи разлика помеѓу Победа и губење на многу позиции. Со многу малку тестирање на гумите за влажно време, тимови ќе имаат приоритет да соберат што повеќе информации за оваа точка на промена, ако врне за време на слободните тренинзи. Податоци кои би можеле да бидат клучни за трката.
Во однос на најавените надградби на болидите нема нешто спектакуларно, бидејќи базите на сите Ф1 тимови се во Европа и имаше многу малку време да се реагира. Едниствено имаше најави за ново предно крило за болидот на Ред Бул, уште пред трката во Австралија, но и за време на овие две недели не учествувале на никакви "crash" тестови, така да на нивните аеро надградби ќе почекаме уште. Во тимот на Мекларен се враќа Фернандо Алонсо, но ни тоа нема да помогне многу во Малезија. Хонда веќе се бореше со прегревање на својата ПЕ на поладните температури во Мелбурн и мораше да ги намали перформансите на истата. И покрај мерките на претпазливост, една ПЕ е веќе изгубена па ако Манор не успее да се квалификува за трката, Мекларен повторно ќе биде на последните места од табелата.
Доминацијата на Ред Бул е заменета со таа на Мерцедес АМГ!!!
Минатогодишната трка трката во Сепанг, заврши со домининтна 1-2 Победа на Мерцедес АМГ, забележувајќи ја својата прва двојна победа од далечната 1955 година, со тоа означувајќи го крајот на ерата на Ред Бул и почеток на своја доминација, изразена во уште подоминантни бројки. Залудно чекавме дожд или технички проблеми. Нико Розберг немаше шанси против Луис Хамилтон и мораше да задоволи со 2-то место.
Себастијан Ветел заврши на третото скалило на подиумот, исто како на првата трка од оваа 2015 година во Мелбурн. Трката остана запаметена и по тимските наредби во Вилијамс. Лидерот на тимот, Фелипе Маса, доби тимска наредба да го пропушти својот тимски колега, Валтери Ботас, но Бразилецот ја игнорираше. Подоцна во Вилијамс се обидоа да ја минимизираат оваа афера, но на крајот, сепак, мораше да му се извинат на Маса, за како што рекоа грешната нивна одлука.