Мерцедес АМГ ја потврди фаворитската улога!!!
Мерцедес АМГ повторно беше најбрз и на двата петочни тренинзи, со Нико Розберг на првaтa и Луис Хамилтон во втората сесија. И двете времиња беа побрзи отколку еквивалентите од 2014 сезоната, но не во толкава мерка како на Австралиското Гран При.Минатата година највисоката температура на асфалтот беше 57 степени целзиусови во текот на Бразилското Гран При, рекорд кој денес на патеката во Сепанг беше блиску да биде надминат, со температури на асфалтот кои достигнуваа до 56 степен при вториот слободен тренинг. Во овие тешки услови, деградацијата на гумите е неизбежно висока, придружено со мал грип. Влажноста на воздухот во Малезија е секогаш висока, што има последица постојан ризик од дожд, кој е најавен за утре. Овогодинешната трка, исто така, ќе стартува порано во споредба со минатата година, што ја зголемува веројатноста за одржување на влажна трка. Температурите во текот на трката се очекуваат да бидат повисоки од минатата година.
Луис Хамилтон по проблемите со ПЕ во утринската, а кои беа надминати за попладневната сесија без некои поголеми проблеми го постави најбрзото време на денот. Нико Розберг го имаше најбрзото време на првите брзи кругови на тврдите гуми, но подоцна направи грешки во вториот и третиот сектор на неговиот брз круг на медиум гумите, па заврши како трет најбрз, со 0.428 секунди за тимскиот колега Хамилтон. Тоа го искористи Кими Раиконен забележувајќи го второ најбрзо време.
Најбрзото време на Себастијан Ветел е забележано на тврдите гуми, бидејќи при брзиот круг на медиум гумите го загуби задниот крај на Ферарито при влезот во свиокот со број 11. Тој успеа да го избегне чакал покрај патеката, но сепак не успеа да направи уште еден брз круг со тие гуми, а фокусот го префрли на подолги стинтови. На крај го имаше 7-то место на табелата. Проценките на Пирели се дека постои разлика во перформансите од 0.9-1.0 секунда помеѓу тврдите и медиум смеши кои се номинирани за овој викенд.
Дањил Квјат првата половина од вториот тренинг ја преседе во гаражата, но кога излезе на патеката го забележа одличното за него четврто најбрзо време со заостанување од половина секунда зад лидерот. Меѓутоа, при крајот на сесијата Русинот повторно пријави проблеми, па беше советуван преку тимското радио да се врати во гаражата со минимална употреба на кумплунгот.
Валтери Ботас беше петти најбрз, пред својот тимски колега од Вилијамс, Фелипе Маса, а на тимот му беше изречена условна казна, откако Бразилецот имаше сет на гуми надвор од дозволенито време во првиот тренинг. Тинејџерот Макс Ферстапен беше осми најбрз во Торо Росо, а Маркус Ериксон со Заубер и Даниел Рикиардо со Ред Бул го заокружија пласманот на најбрзите 10 болиди.
Лотус Ф1 имаа фрустрачки прв ден од викендот за Големата награда на Малезија. Роман Грожан беше четврти најбрз болид во утринската сесија, но, во попладневните часови ја снема моќта од Мерцедес ПЕ. Неговиот тимски колега, Пастор Малдонадо, комплетираше повеќе кругови, но само со 11-тото најбрзо време. Конечно на патеката ги видовме и болидите на Манор (Марусија). Подобро издание прикажа Вил Стивенс, кој забележа време во границите на 107% што дава охрабрувачки знаци дека би можеле да стартуваат на трката. Другиот нивни болид во рацете на Роберто Мери заврши последен, а при попладневниот тренинг предизвика црвено знаме на 30 минути пред крајот, завршувајќи во чакалот покрај патеката.
ПРВ СЛОБОДЕН ТРЕНИНГ
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА КРУГОВИ
1. Нико Розберг Мерцедес АМГ 1:40.124 20
2. Кими Раиконен Ферари 1:40.497 + 0.373 17
3. Себастијан Ветел Ферари 1:40.985 + 0.861 13
4. Ромен Грожан Лотус 1:41.543 + 1.419 14
5. Карлос Саинц JR. Торо Росо 1:41.596 + 1.472 26
6. Даниел Рикиардо Ред Бул 1:41.787 + 1.663 15
7. Макс Ферстапен Торо Росо 1:41.803 + 1.679 23
8. Валтери Ботас Вилијамс 1:41.882 + 1.758 23
9. Дањил Квјат Ред Бул 1:42.055 + 1.931 18
10. Маркус Ериксон Заубер 1:42.064 + 1.940 16
11. Фелипе Маса Вилијамс 1:42.103 + 1.979 23
12. Пастор Малдонадо Лотус 1:42.567 + 2.443 19
13. Рафаеле Марчело Заубер 1:42.621 + 2.497 13
14. Фернандо Алонсо Мекларен 1:42.885 + 2.761 20
15. Нико Хулкенберг Форс Индија 1:42.893 + 2.769 13
16. Серџо Перез Форс Индија 1:43.054 + 2.930 15
17. Џенсон Батон Мекларен 1:43.100 + 2.976 19
18. Вил Стивенс Манор 1:46.686 + 6.562 8
19. Роберто Мери Манор 1:47.683 + 7.559 8
20. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ без поставено време 4
* 2014 Најбрзо време: Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:40.691
ВТОР СЛОБОДЕН ТРЕНИНГ
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА КРУГОВИ
1. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 1:39.790 16
2. Кими Раиконен Ферари 1:40.163 + 0.373 29
3. Нико Розберг Мерцедес АМГ 1:40.218 + 0.428 26
4. Дањил Квјат Ред Бул 1:40.346 + 0.556 17
5. Валтери Ботас Вилијамс 1:40.450 + 0.660 31
6. Фелипе Маса Вилијамс 1:40.560 + 0.770 27
7. Себастијан Ветел Ферари 1:40.652 + 0.862 29
8. Макс Ферстапен Торо Росо 1:41.220 + 1.430 30
9. Маркус Ериксон Заубер 1:41.261 + 1.471 30
10. Даниел Рикиардо Ред Бул 1:41.799 + 2.009 8
11. Пастор Малдонадо Лотус 1:41.877 + 2.087 15
12. Фелипе Наср Заубер 1:41.988 + 2.198 30
13. Серџо Перез Форс Индија 1:42.242 + 2.452 24
14. Карлос Саинц JR. Торо Росо 1:42.291 + 2.501 31
15. Нико Хулкенберг Форс Индија 1:42.330 + 2.540 28
16. Фернандо Алонсо Мекларен 1:42.506 + 2.716 25
17. Џенсон Батон Мекларен 1:42.637 + 2.847 24
18. Роман Грожан Лотус 1:42.948 + 3.158 7
19. Вил Стивенс Манор 1:45.704 + 5.914 12
20. Роберто Мери Манор 1:47.229 + 7.439 6
* 2014 Најбрзо време: Нико Розберг - Мерцедес АМГ - 1:39.909