Кога ќе го прочитате следниот текст на Душко Аврамовски, еден од поактивните Ф1 фанови на нашите Фејсбук страници и групи, сигурно ќе си го поставите ова прашање. Тој разгледувајќи ја 4 годишната "доминација" на Ред Бул, наиде на неколку интересни факти, кои носат различно гледиште од повеќето Ф1 фанови.
Сезона 2010: Себастијан Ветел ја освојува Шампионската титула со само 4 поени пред Фернандо Алонсо, победувајќи на решавачката и последна трка од сезоната во Абу Даби. Пред стартот на истата Шпанецот влегува како лидер во генералниот пласман, додека Ветел како трето пласиран. Тоа никогаш досега се нема случено во историјата на Ф1. Мекларен завршува 44 поени позади шампионскиот тим на Ред Бул. Ветел е победник на 5 трки, исто толку има Алонсо, тимскиот колега на Ветел, Вебер има 4 победи, Хамилтон 3 и Батон 2 победи. Нема доминација на еден тим (Ред Бул). Титула со 4 поени предност не е доминација.
Сезона 2011: Себастијан Ветел доминира од стартот. Победува на 11 трки и ја освојува титулата со 122 поени пред Батон. Доминира Ред Бул (Себастијан Ветел).
Сезона 2012: Себастијан ја освојува титулата за само 3 поени! Повторно се се решава во последната трка, и повторно Алонсо е тој кој може да ја освои. Ред Бул ја освојува титулата кај конструкторите со 60 поени предност, примарно бидејќи Вебер вози подобро од Маса, но Австралијанецот завршува дури на 6-тото место во генералниот пласман кај возачите, со двата возачи на Ферари и Мекларен пред него. Ветел забележува 5, Алонсо 3 Победи, исто толку и двоецот на Мекларен, Хамилтон, Батон и Вебер. Нико Розберг е со само 1-на Победа на контото на Мерцедес АМГ. Повторно нема доминација на Ред Бул. Титула освоена со 3 поени предност не може да се нарече доминација.
Сезона 2013: Ветел победува на 4 од првите 10 трки, додека на другите 6 трки победуваат 5 различни возачи, од кои само една припаѓа на Ред Бул. Нема доминација на Ред Бул до крајот на првата половина од сезоната. Тогаш на сцена повторно настапува Германецот, кој забележува скор 9 Победи од 9 трки во втората половина, додека Вебер едвај успева да стигне до 3-тото место во генералниот пласман.
Што може да заклучиме од ова? Во изминатите 4 години Ред Бул имале вистинска доминација само 1.5 сезона од овој период. Тоа не се константни успеси, од сезона во сезона. Секој период на доминација е прекинат со период во кој тие едвај ја освоиле титулата и не беа толку далеку напред во титулата за конструктори. По првата трка утврдивме речиси сигурно дека Мерцедес АМГ доминираат и ќе доминираат најмалку до крајот на првата половина од сезонава, и со оглед на тоа дека лани доминираа на секоја трка и буквално се прошетаа до двете титули кај конструкторите и возачите, можеме многу лесно да заклучиме дека доминацијата на Мерцедес АМГ веќе се изедначува со целокупната доминацијата на Ред Бул во нивните најдобар период од 4 години.
Ф1 фановите изгледа забораваат дека Германецот освои 2 од 4-те Титули со многу мала разлика помеѓу 1-во и 2-ро место во генералниот пласман, плус на второто место не беше неговиот тимски колега. Повеќето ги гледаат 4-те Шампионски Титули во низа и 9-те последователни Победи на крајот и замислуваат 4 годишна доминација. Тоа не е точно. Повеќето го игнорираат фактот дека тоа не беше тотална четиригодишна доминација. Ф1 Фановите дури го игнорираат фактот дека во 2013 годна имаше 5 победника на 10 трки. Тоа не е доминација!!
ДИЛЕМА: РЕД БУЛ ДОМИНИРАШЕ ИЛИ СЕБАСТИЈАН ВЕТЕЛ Е ВРВЕН ВОЗАЧ?!?
3/24/2015 04:23:00 PM
0
Share to other apps