Фернандо Алонсо синоќа бил подложен на серија медицински тестови и скенирања, на кои лекарите не пронашле никакви знаци за било каква повреда и поради тоа тие го опишуваат како сосема здрав од невролошки и кардио аспект. Сепак, неговите лекари му препорачуваат дека по потресот на мозокот при неговиот инцидент на тестирањето во Барселона на 22 февруари, потребно е време за закрепнување и треба да се елиминираат сите фактори на ризик кои би можеле да резултираат со уште еден потрес на мозокот, што е нормална медицинска постапка при лекување на спортистите после потреси.
За таа цел лекарите препорачуваат дека тој не треба да се натпреварува на претстојното Австралиско Гран При, кое ќе се одржи од 13-15 Март. Фернандо Алонсо ги прифатилдадените совети, па така неговиот болид во Мелбурно ќе го резервниот возач на Мекларен, Кевин Магнусен. Сите во Мекларен-Хонда целосно ја поддржуваат одлуката на Фернандо во однос на неговите совети од лекарите.
Лекарите на Алонсо признаваат дека тој се чувствува способен и подготвен да се трка, што е навистина така. Тие се задоволни со фактот дека тој веќе започнал со физички тренинг, со цел да биде максимално подготвен за враќање зад воланот од својот болид за Малезиското Гран При кое се одржува од 27-29 Март. Лекарите го подржуваат во неговата амбиција, задоволни што тој не претрпел никакви повреди при неговиот инцидент на 22 Февруари.
ФЕРНАНДО АЛОНСО Е ЗДРАВ, НО ЌЕ ПАУЗИРА НА АВСТРАЛИСКОТО ГРАН ПРИ
3/03/2015 04:40:00 PM
0
Share to other apps