Една ластовичка не носи пролет, но кога и двата болиди ќе се пласираат во првите десет, за Лотус Ф1 по се изгледа дека пролетта веќе е пристигната. Во текот на 2014 сезоната возачите на овој тим се пласираа само двапати со Q3 сесијата, бројка која сега веќе е изедначена во првата трка од оваа сезоната, со пласманите на Роман Грожан и Пастор Малдонадо на деветтата и десеттата стартна позиција.
Роман Грожан, Французинот во овој тим, вели дека можел да има малку подобро време: "Можеа да се извлечат уште една до две дополнителни десетинки, со кој би можел да стигнам на седмата позиција, но генерално може да бидеме задоволни и јас со нетрпение ја очекувам утрешната трка."
Пастор Малдонадо мисли дека е добар резултат пласманот во најбрзите десет, иако и тој смета дека крајниот резултат можел да биде нешто подобар: "Се чини дека во Q3 сесијата изгубивме одредена брзина, која не чинеше подобри стартни места. Но, и ова наша позиција изгледа ветувачки, бидејќи ние сме многу подобри отколку минатата година, па со малку среќа можеме да направиме добар резултат."
ЛОТУС Ф1 ПРИЈАТНО ИЗНЕНАДИ НА ДЕНЕШНИТЕ КВАЛИФИКАЦИИ
3/14/2015 03:20:00 PM
0
Share to other apps