По победата на Себастијан Ветел на Малезиското Гран При, најчесто поставуваното прашање е дали Ферари навистина го достигна нивото на Мерцедес АМГ. Повеќето во тимот на Сребрените стрели признаваат дека се изненадени што по големата доминација во Мелбурн, имаа проблеми на оваа трка. Тото Волф, тимскиот шеф, го опиша тоа како "повик за будење", нешто со кое не се согласува лидерот во шампионатот Луис Хамилтон, кој е убеден во моќта на својот болид.
Повеќето Ф1 фанови мислат дека трката во Малезија беше само еднократна епизода за Ферари. Огромната температура на патеката во текот на целиот викенд одговараше на Ферари, тим кој несомнено многу подобро ги менаџира гумите на Пирели. Што на поладно време ќе има негативен ефект, т.е. ќе имаат проблеми со нивното доведување во оптималниот температурен опсег за нивна работа.
Тимот на Мерцедес АМГ изгледа премногу се опушти и имаше одредени стратегиски грешки од нивна страна. Волф вели дека откако ги преслушал радио пораките, забележал многу конфузија при комуникацијата во тимот. Тие едноставно имаа премногу конзервативна стратегија базирана на нивната огромна доминација во Австралија само две недели порано. Волф изјави дека ќе се обидат да го забрзаат развој на болидот во пресрет на Кинеското Гран При, како и дека на состанок во нивната база во Брекли, ќе бидат ревидирана и политиката на "Фер-плеј" односи помеѓу двата возачи, т.е. дека во иднина можеби ќе има потреба од тимски одлуки кои би можеле да бидат непопуларна или кај Германците или кај Англичаните.
Ова се однесува на фактот што Мерцедес АМГ моментално им дава целосна еднаквост на Луис Хамилтон и Нико Розберг кога се прави тркачката стратегија. Меѓутоа, во неделата, подобро за тимот ќе беше ако се поделат стратегиите, така што едниот нивни болид секогаш ќе го покриваше Ферарито на Ветел. Како и да е, на оваа трка Ферари ги затекна со "спуштени панталони" и додека се освестија викендот беше зад нив. После овој викенд нема веќе опуштање во тимот и нема ни да помислат дека Победата им припаѓа по дифолт.
Поранешниот возач на Ферари, Фелипе Маса се согласува дека тимот од Маранело сеуште ја нема анулирано големата разлика на Мерцедес АМГ: "Мерцедес има побрз болид, но Ферари ги користи гумите подобро. Тоа беше клучот во Малезија. Но, мора да се каже дека Ферари направи голем чекор напред во текот на зимата, кој не беше следен од Мерцедес. Во овој момент ние не чувствуваме поголема моќ отколку минатата година, а дека Ферари напреднал можете да видите по болидите на Заубер"
ДАЛИ НАВИСТИНА ФЕРАРИ ГО СТИГНА МЕРЦЕДЕС АМГ?!?
3/31/2015 03:27:00 PM
0
Share to other apps