"Ферари направија огромен чекор. Одлично е да се види напредокот на Ферраи, кој е комплетен, како на болидот, така и на погонската единица. Многумина зборуваат дека за да се биде брз треба да се има моќна ПЕ, но, на крајот болидот и потисната сила прават голема разлика. Ние не очекувавме, јас не очекував, дека ќе бидат толку брзи како што беа. Тие направија неверојатна работа и имаа доста добро темпо. Знаевме дека тие имаат напредок, но, ние не знаевме колку голем, едноставно тие беа премногу брзи за нас во Малезија."
Единствен кој можеби не се радува толку многу на овој успех е нивниот бивши возач Фернандо Алонсо, кој оваа сезона можеби ќе ја означи како најлоша во својата Ф1 кариера. Оваа победа на Себастјан Ветел по реакциите во Италијанската јавност ја надмина неговата прва победа, во првата трка во болидот на Ферари. Во медиумите имаше наслови од типот: "Себастијан со оваа победа речиси ја избриша ерата на Алонсо во Ферари и не врати на победничките патеки." Сепак, Шпанецот изјави дека не жали за тоа што се пресели во Мекларен, а Мерцедес АМГ се уште е далеку понапред од сите. Според него, Ферари има очигледен напредок, но тоа не е доволно да се победат Сребрените стрели.


