Макс Мозли, поранешниот претседател на ФИА, мисли дека Формула 1 се движи кон колапс, ако наскоро не го смени начинот на кој се трошат и дистрибуираат парите во овој спорт. Мозли, знаеме беше жесток поборник за воведување на ограничен буџет во Ф1, но оваа идеја никако да профункционира и е маргинарилизирана од Стратегиската Група за Формула 1, која е составена од најголемите тимови во спортот. Како последица на ова го имаме падот на Катерам и Марусија.
"Најмалку половина од тимовите едноставно не можат да се натпреваруваат, бидејќи тие немаат доволно пари, и тоа за мене не е во ред. Единствениот начин тој да профункционира е да се добие согласност од сите засегнати страни. Големите тимови треба да разберат дека имаме голем проблем, бидејќи некои имаат доволно пари, но повеќето не, па ако се продолжи на овој начин Формула 1 ќе пропадне. Мислам дека може да се постигне едногласност, но прво, сите да разберат дека постои реален проблем."
"Друг проблем е носителот на комерцијалните права за Формула 1 Шампионатот. Ако се е во рацете на еден човек, тогаш мислам дека имаме проблем. Мислам дека Берни заедно со тимовите т.е. Стратегиската група, ја надгласуваат ФИА. Можеби не сум во право околу оваа констатација, но имам впечаток дека ФИА не е во толку силна позиција како што беше порано."
МАКС МОЗЛИ: ФОРМУЛА 1 НАСКОРО ЌЕ ПРОПАДНЕ
4/08/2015 03:28:00 PM
0
Share to other apps