Мерцедес АМГ ќе ја забрза својата 2015 програмата за развој за да парира на заканите од Ферари. Само две недели откако Мерцедес АМГ забележа доминантна 1-2 победа на Австралиското Гран При, Шампионскиот тим беше поразен од Ферари во Малезија ГП, и тоа во директна борба.
На прашањето дали Мерцедес АМГ е подготвен за заканите од Ферари, Волф изјави дека е убеден во ресурсите на неговиот тим, но призна дека има потреба да се реагира.
"Прочитав една статија дека Ферари го зголемил својот буџет за оваа сезона. Ние, имаме се што ни треба. Ние се чувствуваме сигурни дека со износот на средства што ги имаме, ние сме добро поставени. Треба да останеме смирени, да продолжиме да се развиваме, да ги ставиме вистинските надградби на болидот и да ги употребиме малку порано од планираното."
"Но, нема причина за паника. Ние сме назад во нормална, редовна тркaчка сезона, каде што имам повеќе од само еден тим за натпревар. Мислам дека не треба да бидеме екстремни со нашата проценка. Во Мелбурн велевме дека Мерцедес АМГ ќе победи на сите трки од сезоната и никој нема да може да ги стигне. Две недели подоцна, се поставува прашање, дали е ова на крајот на една ера?"
"Тоа е можеби почеток на една нова ера на добри битки, битки кои ние би сакале да ги имаме, сакаме предизвици. Треба да останеме мирни и да веруваме во себе и во нашата брзина."
ТОТО ВОЛФ: МЕРЦЕДЕС АМГ ИМА СЕ ШТО Е ПОТРЕБНО ЗА БИТКА СО ФЕРАРИ
4/06/2015 11:59:00 AM
0
Share to other apps