- Дали Ферари може да се остане во чекор со Мерцедес АМГ?
Во текот на изминатата година, Луис Хамилтон и Нико Розберг, не беа баш во најдобри односи. Тимската борба и темпото на Мерцедес АМГ, ги концентрираше нивните умови единствено на еден со друг, при тоа ставајќи си сопки, што често го чинеше тимот многу изгубени бодови. Тоа можеа да си го дозволат, бидејќи немаа друга конкуренција. Но, сето ова се смени со победата на Себастијан Ветел во Малезија. Хамилтон и Розберг дури и постираа слика на Твитер, по посетата на седиштето на тимот во Нортемптоншир, објаснувајќи дека имаат намера да ја продолжат својата доминација и го победат Ферари. Новонастанатата ситуација веројатно ќе помогне во одржување на добри односи помеѓу ова дуо. Ако тие се фокусираат кон Ферари, ќе имаат помалку време за меѓусебни расправии. Значи Ферари ги "отрезни", тимските грешки ќе бидат сведени на минимум, па само од Италијанците ќе зависи дали ќе го следат темпото на сребрените стрели.
- Дали Нико Розберг е брз возач?
Германецот имаше невообичаено лош старт на сезоната. Квалификациите му беа посилната страна во минатата 2014 сезона, што во првите две трки не е така. Не се подобри и во трка, Хамилтон е побрз. Тоа е лоша вест за Ферари, ако се способни да го предизвикаат Мерцедес АМГ за Титулите. Тоа значи дека поддршката во рамките на Мерцедес АМГ ќе оди кон само еден возач. Во моментот тоа е Луис Хамилтон, што ќе го претвори Розберг во втора виолина која ќе го чува неговиот грб. Од суштинско значење е да го имаме Рзоберг назад во игра.
- Колку лош ќе биде Мекларен?
Тимските изјави пред трката во Кина се разочарувачки, во стилот, знаеме дека сме бавни, но ќе бидеме уште побавни на Шангај интернационалната патека. Тоа покажува колку силно паднаа кон дното, а враќањето кон врвот ќе биде долг и макотрпен пат.
- ФИА нешто најави и ја снема?
Жан Тод, Претседателот на ФИА е претежно тивок, ретко зборува со медиумите, но неговиот претходник, Макс Мозли е се поактивен во последно време, можеби затоа што го чека промоција на својата нова книга, а најновото негово обвинување е дека наскоро Ф1 ќе биде поразена самата од себе, доколку ФИА не ја превземе работата во свои раце и го договори толку очекуваниот ограничен буџет на Ф1 тимовите.
Очекуваме и повеќе информации околу легалноста на системите за гориво на Мерцедес АМГ болидите, тајна која можеби е откриена од Ферари, а најверојатно, наскоро и од останатите тимови. Дали се молчи во интерес на Ф1, бидејќи доколку е тоа вистина, ќе имаме голем скандал, па како тивко решение ќе им биде дозволено на сите тимови да користат сличен систем. Овој систем работи на складирање на гориво после мерната единица на ФИА за проток и количина, кое подоцна би се искористило за зголемена моќност на моторот во склоп на ПЕ.
Но, можеби наскоро ќе го гледаме Тод повеќе. Од овој месец, ФИА има вработено нов директор за комуникации. Досегашниот, Пјер Регент отиде да работи за својот стар шеф, Никола Саркози, каде најдобро се снаоѓаше, додека мотоспортотот се покажа како негова слаба точка. Неговиот наследник, Оливие Фиш, поранешен комерцијален директор на Еуроспорт, ќе има голема задача, санација на угледот на ФИА и да ја поврати изгубеното влијание во Формула 1 Шампионатот.
- Што понатаму за Рено?
Критики доаѓаат од сите страни, а тие се уште се борат да бидат конкурентни. Од друга страна тие се налутија на Ред Бул, дека додека победувале никој не ги споменувал, а сега се било до нив. Рено Ф1 се наоѓа на крстопат, дали да вложи огромни пари во сопствен Ф1 тим, како би добиле поголема реклама или сите свои ресурси ги насочат кон Формула Е Шампионатот.
НЕКОЛКУ ПРАШАЊА ПРЕД КИНЕСКОТО ГРАН ПРИ
4/08/2015 04:34:00 PM
0
Tags
Share to other apps