Луис Хамилтон во доминантен стил ја започна 2015 сезоната
Луис Хамилтон повторно со најбрзото време на петочните тренинг сесии, со околу половина секунда предност најпрво пред Нико Розберг, а потоа во вториот тренинг и од Кими Раиконен. Нико Розберг никако да се соземе, па така и на оваа трка најверојатно нема баш поголеми шанси да му парира на својот тимски колега. Што се случува со него, никој не знае?!? За разлика од минатата година кога Ферари успеа да има најбрзо време барем на првиот тренинг, оваа сезона Кими Раиконен барем успеа да го раздели дуото на Мерцедес АМГ при вториот тренинг. Себастијан Ветел резервиран и побавен од својот тимски колега и на двата тренинзи.Еден од поинтересните моменти беше претрчувањето на стартно-целната рамнина од страна на еден фан од публиката, а при тоа имавме болиди во полна брзина. Опасно по живот, но сега неговата иднина зависи од строгите Кинески закони. Тој беше веднаш уапсен кога го прескокна пит зидот. Сесијата ја одбележаа и инцидентите на Фелипе Маса и Дањил Квајт.
Фелипе Маса имаше извртување при полна брзина на влез во првата кривина, успевајќи да го исконтролира својот Влилијамс и помине без поголеми оштетување избегнувајќи поголем судир со бариерите покрај патеката. Проблемот бил во задното крило на неговиот болид. Целосно откажување на сопирачките имавме кај РБ11 на Дањил Квјат. Проблемот беше забележан навреме, доби инструкции да се врати во својата гаража, но тој едноставно продолжи да се движи по права линија и заврши надвор од патеката, исто така со помали оштетувања на болидот.
Што се однесува до перформансите на болидите, во квалификациско темпо Мерцедес АМГ е најбрзиот болид на патеката, со предност од барем половина секунда пред Ферари, но подолгите стинтови повторно покажуваат далеку помала разлика помеѓу нив и болидите на Ферарип. Ферари, ако настаните им се одвиваат во нивна полза, можеби повторно ќе има шанси за што повисок пласман на Подиумот. Третото скалило веќе им е резервирано, бидејќи Вилијамс и Ред Бул заостануваат зад нивното тркачко темпо.
Мекларен спротивно на очекувањата успеа да забележи релативно добри времиња на овие тренинг сесии, и беше на нивото на времињата на Заубер, Лотус, и Торо Росо. Ако успеат да се протнат барем во Q2 ќе биде одлично постигнување за нив, а пол погодок би било пласман во Q3 сесијата на утрешните Квалификации. Кој од оваа група на болиди ќе се протне во Топ 10 пласманот е тешко да се прогнозира, нешто во кое ќе ни помогне можеби саботниот тренинг.
Манор повторно се на границата од 107%, но како што видовме и на претходниот викенд во Малезија, нивното учество во трката не е доведено во прашање. Роберто Мери успеа да ја надмине, но Вил Стивенс остана надвор од неа, поради проблем со Ферари ПЕ. Сепак се поставува прашањето дали навистина од овој тим имаат само еден болид подготвен за каква, таква борба. Квалификациите за Кинеското Гран При се закажани за 09:00 часот по Македонско време.
ПРВ СЛОБОДЕН ТРЕНИНГ
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА КРУГОВИ
1. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 1:39.033 21
2. Нико Розберг Мерцедес АМГ 1:39.574 + 0.541 21
3. Себастијан Ветел Ферари 1:40.157 + 1.124 18
4. Кими Раиконен Ферари 1:40.661 + 1.628 27
5. Фелипе Наср Заубер 1:41.012 + 1.979 18
6. Даниел Рикиардо Ред Бул 1:41.029 + 1.996 21
7. Дањил Квјат Ред Бул 1:41.097 + 2.064 24
8. Карлос Саинц ЈР. Торо Росо 1:41.112 + 2.079 23
9. Валтери Ботас Вилијамс 1:41.303 + 2.270 23
10. Фелипе Маса Вилијамс 1:41.304 + 2.271 17
11. Пастор Малдонадо Лотус 1:41.335 + 2.302 23
12. Макс Ферстапен Торо Росо 1:41.575 + 2.542 28
13. Џенсон Батон Мекларен 1:41.845 + 2.812 19
14. Маркус Ериксон Заубер 1:41.918 + 2.885 24
15. Џолион Палмер Лотус 1:41.967 + 2.934 25
16. Серџо Перез Форс Индија 1:42.141 + 3.108 22
17. Фернандо Алонсо Мекларен 1:42.161 + 3.128 20
18. Нико Хулкенберг Форс Индија 1:42.184 + 3.151 19
19. Вил Стивенс Манор 1:45.379 + 6.346 18
20. Роберто Мери Манор 1:46.443 + 7.410 20
*2014: Фернандо Алонсо, Ферари - 1:39.783 (+0.750)
ВТОР СЛОБОДЕН ТРЕНИНГ
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА КРУГОВИ
1. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 1:37.219 32
2. Кими Раиконен Ферари 1:37.662 + 0.443 35
3. Даниел Рикиардо Ред Бул 1:38.311 + 1.092 24
4. Себастијан Ветел Ферари 1:38.339 + 1.120 30
5. Нико Розберг Мерцедес АМГ 1:38.399 + 1.180 35
6. Дањил Квјат Ред Бул 1:38.737 + 1.518 10
7. Валтери Ботас Вилијамс 1:38.850 + 1.631 27
8. Фелипе Наср Заубер 1:39.032 + 1.813 26
9. Роман Грожан Лотус 1:39.142 + 1.923 32
10. Џенсон Батон Мекларен 1:39.275 + 2.056 29
11. Пастор Малдонадо Лотус 1:39.444 + 2.225 30
12. Фернандо Алонсо Мекларен 1:39.743 + 2.524 27
13. Маркус Ериксон Заубер 1:39.751 + 2.532 33
14. Макс Ферстапен Торо Росо 1:39.894 + 2.675 32
15. Карлос Саинц ЈР. Торо Росо 1:39.971 + 2.752 28
16. Нико Хулкенберг Форс Индија 1:40.151 + 2.932 28
17. Фелипе Маса Вилијамс 1:40.423 + 3.204 7
18. Серџо Перез Форс Индија 1:40.868 + 3.649 24
19. Роберто Мери Манор 1:42.973 + 5.754 27
20. Вил Стивенс Манор 1:44.564 + 7.345 8
*2014: Луис Хамилтон, Мерцедес АМГ - 1:38.315 (+1.096)