Актуелниот светски првак Луис Хамилтон признава дека Ферари има реални шанси за да им биде ривал за Победата и на Кинеското Гран При во недела. Иако го забележа најбрзото време и на двата слободни тренинзи во Шангај денес, Хамилтон е претпазлив кога станува збор за заканата од Себастијан Ветел и Кими Раиконен кога е во прашање тркачкото темпо на Италијанскиот тим. Повторно признава дека не се чувствува комфорно на потврдата смеша на Пирели гумите номинирани за овој викенд, медиум и меки. Нивното однесување ќе биде од витално значење за болидите на сребрените стрели, а патеката е особено напорна за предни гуми.
"Мислам дека ние дефинитивно ќе имаме трка, како што и предвидовме. Таа ќе биде меѓу нас и Ферари, но и Нико е дост брз. За разлика од Малезија имав на располагање две комплетни тренинг сесии, што прави голема разлика. Болидот не се однесуваше премногу добро на примарната(медиум) смеша, за разлика од секундарната(меките гуми) опција. Треба да направиме добра анализа во однос на другите тимови."
Нико Розберг и покрај забележувањето на 5-тото најбрзо време е оптимист во врска со неговите шанси овој викенд: "Нашите шанси за утре се добри, ние имаме неверојатен болид. Мислам дека ќе бидеме брзи, се разбира, во еден круг мислам дека ќе биде најбрзиот, а потоа ќе го разгледаме тркачкото темпо. Денес имавме "добра битка" со Кими, тој не ми остави многу простор во вториот свиок. Се беше ОК, фер борба и во недела можеби ќе видиме слична акција на патеката."
2015 КИНА ГП: ХАМИЛТОН И РОЗБЕРГ ПРИЗНАВААТ ДЕКА ФЕРАРИ Е РЕАЛНА ЗАКАНА
4/10/2015 07:13:00 PM
0
Share to other apps