Ф1 тимовите веќе се во Кина во пресрет на 3-тата трка од оваа 2015 Формула 1 сезона, а Големата Награда на Кина навршува 12 години од вклучувањето во најмодерниот мотоспорт на светот. Во изминатите 11 години битките помеѓу болидите се одвиваат на Шангај Меѓународната патека, па така ќе биде и оваа сезона. Кинескиот пазар е еден од стратешките за Ф1 заедницата, со постепено зголемување на базата на фанови, кои станаа дел од глобалната Ф1 заедница. Регионот на Шангај станува познат по мотоспорт трките, т.е. место каде се одвиваат повеќе мото настани од светски ранг, па градот генерира специфичен шарм на авто-културата.
Меѓународната патека Шангај е како динамичен пејзаж, со својата огромна главна трибина и елиптичен Падок клуб, кој е преплетен со многу мостови, и со сигурност може да се каже дека е една од најубавите патеки во Ф1 Шампионатот. Во меѓувреме, изгледот на апартманите на тимовите во падокот е незгоден да се разбере како древна кинеска поговорка. Тие се поставени за да личат на "Шанг" кинеска буква, што значи "високо/над".
Првиот комплекс кривини на оваа патека е еден од најтешките во Ф1 Шампионатот и потребен е прецизен пристап и излез од нив. Започнува со вртење од 270 степени кон десно кое бара агресивен влез, кочење при целата кривина, за да на крај следи ненадејна промена на насоката. По оваа кривина следува серија на брзи кривини повторно правец и уште еден сет на кривини слични на тие од број 1 до 3, но во обратна насока. Следува уште еден долг правец кој завршува со кривина од 180 степени, принудувајќи ги возачите да кочат од 315 до 65км/ч. Тоа воедно е едно од најдобрите места за претекнување.
Минатата година гледавме прилично здодевна трка. Луис Хамилтон стартуваше од Пол позицијата и Победи, а на подиумот се искачија Розберг и Алонсо. Хамилтон исто така, посочи на недостатокот на квалитет во победничките трофеи - made in China. Да се надеваме дека оваа сезона ќе гледаме далеку поинтересна трка, на ден Велигден со почеток во 08:00 часот.
Еве и список на досега искористените делови на ПЕ од страна на секој од возачите:
ICE: мотор со внатрешно согорување
TC: турбо полнач
MGU-H: Генератор на топлинска енергија (издувни гасови)
MGU-K: Генератор на кинетичка енергија (сопирачки)
ES: Акумулатор за складирање на енергија
СЕ: Централна компјутерска единица
Мерцедес АМГ
Луис Хамилтон
ICE: 1, TC: 1, MGU-H: 1, MGU-K: 1, ES: 1, CE: 2
Нико Розберг
ICE: 1, TC: 1, MGU-H: 1, MGU-K: 1, ES: 1, CE: 1
Ред Бул
Даниел Рикиардо
ICE: 2, TC: 2, MGU-H: 2, MGU-K: 2, ES: 1, CE: 2
Дањил Квјат
ICE: 2, TC: 1, MGU-H: 1, MGU-K: 1, ES: 1, CE: 2
Вилијамс
Валтери Ботас
ICE: 1, TC: 1, MGU-H: 1, MGU-K: 1, ES: 1, CE: 1
Фелипе Маса
ICE: 1, TC: 1, MGU-H: 1, MGU-K: 1, ES: 1, CE: 1
Ферари
Себастијан Ветел
ICE: 1, TC: 1, MGU-H: 1, MGU-K: 1, ES: 1, CE: 1
Кими Раиконен
ICE: 1, TC: 1, MGU-H: 1, MGU-K: 1, ES: 1, CE: 1
Мекларен
Фернандо Алонсо
ICE: 2, TC: 2, MGU-H: 2, MGU-K: 1, ES: 2, CE: 2
Џенсон Батон
ICE: 2, TC: 2, MGU-H: 2, MGU-K: 1, ES: 1, CE: 1
Форс Индија
Нико Хулкенберг
ICE: 1, TC: 1, MGU-H: 1, MGU-K: 1, ES: 1, CE: 2
Серџо Перез
ICE: 1, TC: 1, MGU-H: 1, MGU-K: 1, ES: 1, CE: 1
Торо Росо
Карлос Саинц ЈР.
ICE: 1, TC: 1, MGU-H: 1, MGU-K: 1, ES: 2, CE: 2
Макс Ферстапен
ICE: 1, TC: 1, MGU-H: 1, MGU-K: 1, ES: 2, CE: 2
Лотус
Роман Грожан
ICE: 1, TC: 1, MGU-H: 1, MGU-K: 1, ES: 1, CE: 1
Пастор Малдонадо
ICE: 1, TC: 1, MGU-H: 1, MGU-K: 1, ES: 1, CE: 1
Манор
Вил Стивенс
ICE: 1, TC: 1, MGU-H: 1, MGU-K: 1, ES: 1, CE: 1
Роберто Мери
ICE: 1, TC: 1, MGU-H: 1, MGU-K: 1, ES: 1, CE: 1
Заубер
Маркус Ериксон
ICE: 1, TC: 1, MGU-H: 1, MGU-K: 1, ES: 1, CE: 1
Фелипе Наср
ICE: 1, TC: 1, MGU-H: 1, MGU-K: 1, ES: 1, CE: 1
ВО ПРЕСРЕТ НА КИНЕСКОТО ГРАН ПРИ
4/09/2015 05:23:00 PM
0
Share to other apps