Ф1 тимовите некако премногу лежерно се однесуваа, па така имаме многу "чудни" времиња и распоред на табелата, особено на болидите на сребрените стрели. Друг факт што го потврдува ова е тоа што најбрзото време на СТ1 е побавно од тоа забележано на минатогодишната прва сесија на Луис Хамилтон од 1:37.502, нешто што не беше практика на минатите тркачки викенди од оваа сезона.
Она што би можела да го истакнеме се проблемите на Џенсон Батон, кој веќе во првите минути се изврте и неговиот болид застана на патеката. Редарите го однесоа МП4-30 во нивната гаража, каде и остана до крајот на сесијата. Тимот на Ферари, исто така, со релативно мал број на комплетирани круга по проблемот на Себастијан Ветел, кога во еден момент Ферари ПЕ во неговиот болид ја изгуби моќноста. Од Ферари велат дека тоа бил само мал проблем со некој од сензорите, кој требало да биде поправен. Малиот број на круга бил поради сеуште многу правливата патека.
ПРВ СЛОБОДЕН ТРЕНИНГ
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА КРУГОВИ
1. Кими Раиконен Ферари 1:37.827 13
2. Себастијан Ветел Ферари 1:38.029 + 0.202 12
3. Валтери Ботас Вилијамс 1:38.390 + 0.563 23
4. Карлос Саинц ЈР. Торо Росо 1:38.447 + 0.620 14
5. Даниел Рикиардо Ред Бул 1:38.455 + 0.628 17
6. Макс Ферстапен Торо Росо 1:38.504 + 0.677 22
7. Фернандо Алонсо Мекларен 1:38.598 + 0.771 18
8. Фелипе Наср Заубер 1:38.628 + 0.801 17
9. Дањил Квјат Ред Бул 1:38.661 + 0.834 17
10. Фелипе Маса Вилијамс 1:38.790 + 0.963 21
11. Серџо Перез Форс Индија 1:38.793 + 0.966 15
12. Пастор Малдонадо Лотус 1:38.842 + 1.015 23
13. Нико Хулкенберг Форс Индија 1:39.187 + 1.360 20
14. Џолион Палмер Лотус 1:39.283 + 1.456 31
15. Нико Розберг Мерцедес АМГ 1:39.293 + 1.466 23
16. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 1:39.532 + 1.705 22
17. Маркус Ериксон Заубер 1:39.534 + 1.707 21
18. Вил Стивенс Манор 1:42.973 + 5.146 12
19. Роберто Мери Манор 1:44.265 + 6.438 15
20. Џенсон Батон Мекларен без поставено време 2
2014: Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 1:37.502