Се уште не се објавени и официјално времињата од подолгите стинтови на вториот тренинг, но од она што го забележавме на преносот е дека и тука Мерцедес АМГ ја има предноста пред сите останати.
Во вториот половина час кога болидите возеа на медиум гумите при симулации на трка, Ферари успеваше да се држи на помалку од половина секунда зад сребрените стрели, но како што одминуваше времето и паѓањето на температурите ова заостанување порасна на околу секунда, кога болидите преминаа на меките гуми. Дали ова овој образец ќе се пренесе и на самата трка, останува да видиме.
Повторно проблемите за Џенсон Батон, кај тимот на Мекларен, но Фернандо Алонсо ни покажа дека од овој тим може да очекуваме се подобри и подобри времиња. Шпанецот ги подгреа надежите на фановите на Мекларен дека на оваа трка конечно ќе биде прескокната Q1 сесијата и можеби освојување на првите бодови. Им посакуваме да ги остварат овие прогнози.
Необичен инцидент на Ветел, кој се разгледува од страна на стјуардите. Имено при влез во првиот свиок, по излез од боксевите, тој имаше контакт со Серџо Перез и остана без предно крило. Тој како што објасни преку тимското радио притиснал на сопирачките, но тие откажале, па се вмеша во борбата помеѓу Перез и Фелипе Наср на влез во првиот свиок. Инцидентот резултираше со црвено знаме за да се овозможи редарите да ги расчистат остатоците од предното крило на болидот од Ветел.
Од како беше укинато ова црвено знаме, Хамилтон и Раиконен, на излезот од боксевите престигнаа голем број на болиди преку бавната лента од боксевите, нешто за кое се дадени на разгледување на стјуардите.
Квалификациите за Големата Награда на Бахреин стартуваат утре, Сабота, во 17:00 часот по Македонско време.
ВТОР СЛОБОДЕН ТРЕНИНГ
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА КРУГОВИ
1. Нико Розберг Мерцедес АМГ 1:34.647 31
2. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 1:34.762 + 0.115 33
3. Кими Раиконен Ферари 1:35.174 + 0.527 30
4. Себастијан Ветел Ферари 1:35.277 + 0.630 26
5. Валтери Ботас Вилијамс 1:35.280 + 0.633 36
6. Даниел Рикиардо Ред Бул 1:35.449 + 0.802 27
7. Пастор Малдонадо Лотус 1:35.474 + 0.827 34
8. Фелипе Наср Заубер 1:35.793 + 1.146 27
9. Дањил Квјат Ред Бул 1:35.883 + 1.236 23
10. Фелипе Маса Вилијамс 1:35.884 + 1.237 35
11. Маркус Ериксон Заубер 1:36.148 + 1.501 34
12. Фернандо Алонсо Мекларен 1:36.191 + 1.544 22
13. Роман Грожан Лотус 1:36.334 + 1.687 31
14. Карлос Саинц ЈР. Торо Росо 1:36.471 + 1.824 32
15. Нико Хулкенберг Форс Индија 1:36.805 + 2.158 30
16. Макс Ферстапен Торо Росо 1:36.917 + 2.270 26
17. Серџо Перез Форс Индија 1:37.062 + 2.415 33
18. Вил Стивенс Манор 1:39.131 + 4.484 21
19. Џенсон Батон Мекларен 1:39.209 + 4.562 15
20. Роберто Мери Манор 1:40.592 + 5.945 26
2014: Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 1:34.325