Мекларен на трката за Големата награда на Шпанија треба да се појави со нови бои на болидот, но не поради нов главен спонзор. Визуелниот идентитет со кој Мекларен го започна партнерство со Хонда не е добро прифатен од фановите, па затоа ќе се "ослободат" од хромираните и сребрени делови, кои потсетуваат на врската со Мерцедес. Џенсон Батон се надева дека трката за Големата награда на Монако ќе биде најдобрата шанса на Мекларен да забележи изненадувачки резултат. Тој се чувствува сигурен при управувањето со болидот, а тоа е добар предуслов за кнежевство. Мекларен-Хонда допрва треба да ги забележи првите поени.
Ферари овој викенд во Шпанија ќе го надгради болидот со нов аеродинамичен пакет, кој би требало да донесе 3-4 десетинки од секунда по круг. Новата спецификација на Ферари ПЕ ќе биде воведена за Големата награда на Канада. За тоа ќе потрошат 5 развојни токени. Мерцедес АМГ ќе ги чува своите токени за вториот дел од 2015 сезоната. Себастијан Ветел вели дека Ферари мора да ја искористи секоја можност да го вознемири Мерцедес АМГ, истовремено признавајќи дека тоа е тимот што повторно ќе треба да се победи на почетокот од Европскиот дел од 2015 сезоната. Кога сме кај возачката постава, се погласни се шпекулациите дека Ферари потпишал пред-договор со Валтери Ботас, а 2017 е годината кога тој ќе го замени својот сонародник.
Ред Бул во Шпанија доаѓа со "Б" спецификација на РБ11. Најголема визуелна промена треба да биде новиот скратен нос на болидот, кој ќе биде најкраток на гридот и тежок за копирање. Се надеваат дека со овие надградби ќе го стигнат темпото на Ферари. За разлика од нив во сестринскиот тим не се работело ништо позначајно, па во Торо Росо не се најавуваат некои поголеми измени на болидот.
Лотус е еден од тимовите кој планира да донесе значајни надградби на каросеријата на својот болид за Шпанското ГП. На првите две трки не успеаа да го материјализираат новото партерство со Мерцедес, но во следните две имаа последователни пласмани во поени, пред се благодарение на Роман Грожан, за разлика од Пастор Малдонадо, кој беше жртва на останатите возачи на патеката.
Нацрт верзија на Ф1 календарот за 2016 година се појави во јавноста, но од ФОМ веднаш се јавија со демант дека тоа е многу рана работна верзија и до неговото конечно објавување може да претрпи значајни промени. Карактеристичен е по тоа што има доцен почеток на сезоната во Април, со многу последователни трки, викенд за викенд, со кое Берни сака да ги наговори тимовите на 24 трки во една сезона. Последица на ова се шпекулации за нова трка во Иран, обновување на трката во Валенсија и.т.н. Русија е поместена од крајот на годината на почетокот, замена на местата со Малезија. Новата трка во Баку, Азербејџан (Европското ГП) е најавена за средината на Јули. Нова замена на местата имаат трките во Австрија и Велика Британија. Крајот на сезоната останува ист, со Мексико, Бразил и Абу Даби.
НАЈНОВИТЕ ШПЕКУЛАЦИИ ПРЕД ШПАНСКОТО ГРАН ПРИ НА ЕДНО МЕСТО
5/04/2015 02:49:00 PM
0
Share to other apps