Дека Себастијан Ветел е голем професионалец на сите им е јасно веќе досега, но неговата емотивна страна не беше во преден план во поранешниот тим на Ред Бул, за веќе по првата негова Победа за Ферари во емоционалното обраќање по тимското радио ги освои симпатиите на сите вработени во Gestione Sportiva, но и Италијанските Ф1 фанови. Во текот на вчерашниот ден по завршување на работата на симулаторот, Германецот ја прославил Победата со сите присутни во базата на овој тим во Маранело.
"Тоа беше многу емотивен момент. Победував на многу трки, но првата со Ферари е многу, многу посебна. Во неделата вечерта, сакав да ја прославам со механичарите и јас им реков: Фала многу, но јас сакам да бидам еден од вас, ни нешто повеќе ни нешто помалку. Јас сум дел од тимот и, дури и ако на патеката, јас сум сам, знам дека тоа не е навистина така, бидејќи јас сум секогаш со вас. Сакам да ви се заблагодарам што ми дадовте добар болид и мислам дека, всушност, знам, дека ние ќе доживееме уште многу убави моменти заедно."
На оваа спонтана прослава беше присутен и Маурицио Аривабене, кој исто така се обрати до сите врработени во тимот:
"Мислам дека, Forza Ferrari од Себ во текот на радио комуникацијата веднаш по преминувањето на целната линија, не беше само остварување на сон од детството, туку и оживување на спомените поминати со уште еден голем шампион, кој даде толку многу на Ферари, а тоа е Михаел Шумахер кој беше со нас во тие моменти. Во тие моменти добив СМС порака од семејството на Михаел Шумахер со честитки од сите за ПОбедата. Едноставно кога ја видов, солзите сами протекоа."
Тоа беа емоционални моменти кои Аривабене би сакал да ги има многу во иднина. Но, од друга страна треба да се остане смирен, да не се лета во облаци и да се работи напорно. Веќе се прават споредби помеѓу Михаел Шумахер и Себастијан Ветел, со надеж дека четирикратниот шампион ќе оди по стапките на својот идол и се стави крај на периодот без победи. Двајцата го поседуваат Германскиот перфекционизам и чуството за напорна работа, забележување на детали и голема мотивација на тимот на нивни својствен начин.
АРИВАБЕНЕ: ПОРАКАТА ОД СЕМЕЈСТВОТО НА МИХАЕЛ МЕ РАСПЛАКА!!!
4/02/2015 05:17:00 PM
0
Share to other apps