Џенсон Батон комплетираше дури 100 круга со Мекларен, и за разлика од неделната трка не се чувствувал уплашен додека беше на патеката. Сепак 4-тото најбрзо време беше поставено на супер-меките гуми, кои се повеќе од секунда и половина побрзи од медиум гумите.
На овој тест ден за прв пат зад воланот на Вилијамс се најде Алекс Лин, кој успеа да комплетира само 52 круга. Естебан Окон тестираше за Форс Индија. Естебан Гутиерез го имаше првото искуство со болидот на Ферари, и го забележа седмото време со 1.8 секунди заостанување зад најбрзото, користејќи ги медиум гумите на Пирели и комплетирани 119 круга. Рафаеле Марсело по болидот на Ферари, денес седна зад воланот на Заубер и буквално го уништи. Тој излета во третиот свиок и заврши во бариерите од гуми покрај патеката, оштетувајќи го предниот лев дел на болдиот. Подоцна тој се врати на патеката, но имаше време за последното место на табелата
ПРВА СЕЗОНСКА ТЕСТ СЕСИЈА, БАРСЕЛОНА, 2 ДЕН
П. Возач Тим Време Разлика Круга
1. Џолион Палмер Лотус 1:26.080 87
2. Паскал Верлајн Мерцедес АМГ 1:26.497 + 0.417 137
3. Пјер Газли Ред Бул 1:26.683 + 0.603 75
4. Џенсон Батон Мекларен 1:26.927 + 0.847 100
5. Алекс Лин Вилијамс 1:26.967 + 0.887 52
6. Естебан Окон Форс Индија 1:27.520 + 1.440 94
7. Естебан Гутиерес Ферари 1:27.930 + 1.850 119
8. Карлос Саинц ЈР. Торо Росо 1:27.997 + 1.917 126
9. Рафаеле Марсело Заубер 1:28.829 + 2.749 75