Стратегиската група за Формула 1 на состанокот одржан вчера во Бигин Хил разгледала мислења за актуелните предизвици со кои се соочува Ф1 мотоспортот. Покрај редовните членови на групата, беа поканети и претставници на производителите на ПЕ. Членови на оваа групацијата дебатираа на голем број на теми во насока на подобрување на доживувањето на Формула 1 шампионатот.
Изгласани беа следниве мерки:
Сезона 2016:
- Слободен избор на 2 од 4 номинирани гуми за суво време, кои секој тим би ги користел во текот на тркачкиот викенд.
Сезона 2017:
- Побрзи болиди за 5-6 секунди преку еволуција на аеродинамичките правила, пошироки гуми и намалување на тежината на болидите;
- Враќање на долевањето на гориво, но повторно со максимук кг за една трка;
- Mотори со зголемен број на вртежи и зголемена бучава;
- Поагресивен изглед.
Исто така, било разговарано и за неколку други мерки, кои бараат понатамошни испитувања пред да може да се спроведат:
- Глобален одраз на форматот на тркачкиот викенд;
- Старт на трката без помош од надвор, т.е. да зависи од возачот на Пол позицијата.
Од страна на независна консултантска фирма се презентирани неколку различни сценарија за намалување на трошоците и обезбедување на одржливоста на овој мотоспорт.
Од страна на правилата за ПЕ, одлучено е тие да бидат што постабилни, како би се избегнале непотребни инвестиции на производители кои се вклучени во овој спорт и да им даде добра база за влез на потенцијалните нови учесници.
Одбиено е барањето за 5-ти моторот кој требаше да се користи во текот на оваа 2015 сезона.
ФИА, ФОМ и тимовите се согласиле да работат заедно за што побрзо време овие предлози да бидат доставени на одобрение од Комисијата за Формула 1 и Светскиот совет за мотоспорт на ФИА.
* Сите коментари се прегледуваат пред да се објават.