Пред почетокот на една од најважните трки во сезоната за Ферари, но и за Ф1 шампионатот неочекувани вести кои ги пренесуваат Италијанските медиуми. Масимо Ривола, спортскиот директор на Ферари, човек од доверба на Себастијан Ветел, не се појавил во Барселона. Неофицијално во Ферари прво се зборувало за "одмор од една недела", а потоа "личен проблем на Ривола", но на крај најверојатната верзија е дека тој е суспендиран.
Уште не е јасна причина за оваа одлука на Аривабене, во време кога тимот ја врати ведрината во своите редови. Според медиумите во Италија одлуката не е од спортски причини. Заедно со Ривола биле суспендирани и двајца други членови на тимот, менаџер на логистиката и готвачот.
Масимо Ривола беше единствениот од старата гарда од времето на Фернандо Алонсо, кој не беше сменет од тимот, бидејќи Себастијан Ветел го избрал како човек во кој има доверба и со кој работел уште од времето на Торо Росо. Причините и ефектите од оваа одлука ќе треба да се утврдат. Прес-службата на Ферари само со кратка изјава - БЕЗ КОМЕНТАР.
НЕОЧЕКУВАНИ ПРОБЛЕМИ ВО ФЕРАРИ - ВИСТИНА ИЛИ ШПЕКУЛАЦИЈА
5/07/2015 11:30:00 AM
0
Share to other apps