Мерцедес АМГ денес и официјално објави дека го финализираше новиот тригодишен договор со Луис Хамилтон за сезоните 2016-2018.
Луис Хамилтон: "Мерцедес е мојот дом и јас сум пресреќен што мојот престој тука се продолжува за уште три години. Ова е компанија која има вистинска страст кон тркањето, од главниот борд на директори до работниците во нашата фабриката, и неверојатен глад за победи."
Тото Волф, Шеф на Мерцедес-Бенц моторспорт: "Континуитетот е еден од клучните фактори за постигнување на успех во Формула 1 и сега го имаме тој услов исполнето. Минатата година, Луис имаше неверојатна сезона со Мерцедес-Бенц и нашиот приоритет беше да се обнови неговиот договор и за следните сезони."
Се шпекулира дека новиот договор му носи основни 27 милиони фунти, а во зависност од тоа на колку трки тој ќе победи, и дали ќе стане Шампион, неговата годишна заработувачка може да достигне и над 40 милиони.
Договорот на Хамилтон е сличен на другите два најголеми договори во Формула 1 Шампионатот, тие на Фернандо Алонсо од Мекларен и Себастијан Ветел од Ферари.
КОНЕЧНО ОФИЦИЈАЛИЗИРАН НОВИОТ ДОГОВОР ЗА ЛУИС ХАМИЛТОН
5/20/2015 02:03:00 PM
0
Share to other apps

