Овој викенд следува Ф1 трка на улиците на Монте Каро, шеста од оваа сезона, трка на која сите тимови и возачи најмногу сакаат да победуваат. Традиционално, Монако е една од најтешките патеки за престигнување, таа е тесна и оградена со многу блиски бариери, без брзи кривини, со два кратки правци и најниска просечна брзина на сезоната од само 160 км/ч.
Постојат само малку можности за успешно престигнување, од кои најверојатното место за успешно престигнување е на излезот од тунелот при кочењето за влез во двојната кривина, но возачите мора да бидат внимателни затоа што излегувањето од тркачката линија може да значи и губење на контрола врз болидот. Монако бара одредена техника на возење во близина на бариери и ова е место каде што возачот може да направи вистинска разлика. Тоа е тест на ментална сила на возачите, бидејќи треба да се задржи концентрацијата на високо ниво во секој момент од текот на трката.
Како што беше случај во последните три години, меките и супермеките гуми на Пирели се повторно номинирани за Монако ГП. Тоа се двете гуми чии карактеристики се брзото загревање и големиот механички грип, што е од суштинско значење на оваа патека. Исто така, нивната деградација треба да е најниска во сезоната, што значи максимум два пит-стопа по болид треба да биде нормален просек. Супер-меките гуми се единствената комплетно нова смеша на Пирели гумите за оваа година, создадена за да им понуди уште поголеми отпорност и контакт со асфалтот, подобрување на грипот и ракување со болидот.
За разлика од другите трки, слободните тренинзи се одвиваат во четврток, наместо петок, што има влијание на еволуцијата на патеката. Монако е особено напорна патека за сопирачките, па доброто подесување на балансот е од клучно значење за добар и брз круг. Сопирањето предизвикува дополнително загревање на гумите, а најголемото оптоварување го имаат при влез во Sainte Devote свиокот, кога болидите намалуваат 160 км/ч во само 100 метри. Гумите, исто така, трпат исклучително тешки оптоварувања при комплексот кривини кај базенот, каде што тие удираат врз ивичниците со повеќе од 200км/ч и доживуваат странични забрзувања од 3.65Г.
Возачот прави повеќе од 130 потези со воланoт за време на еден круг, и менува степен на пренос во просек на секои 50 метри. Loews свиокот се зема со најмалата брзина во сезоната од само 47 км/ч. Поради ниската брзина, не постои аеродинамична потисна сила, така што целосната работа отпаѓа на предното десно тркало кога станува збор за менување на насоката.
Монте Карло е статистички со најголеми шанси за употреба на безбедносното возило. Минатата сезона имавме две излегувања на безбедносното возило, јасно со големо влијание на стратегијата за трка. На секоја трка каде престигнувањата се минимални, па така и во Монако, квалификациите се многу важни. Ставен е нов асфалт на повеќе локации на и околу патеката. Таа е поместена за 2,5 метри на лево помеѓу свиоците 12 и 13. Бариерите околу свиокот број 15 се поместени поназад за да се подобри видното поле на возачите, место каде се ставени и нови ивичњаци.
Еве и список на досега искористените делови на ПЕ од страна на секој од возачите:
ICE: мотор со внатрешно согорување
TC: турбо полнач
MGU-H: Генератор на топлинска енергија (издувни гасови)
MGU-K: Генератор на кинетичка енергија (сопирачки)
ES: Акумулатор за складирање на енергија
СЕ: Централна компјутерска единица
Мерцедес АМГ
Луис Хамилтон
ICE: 1, TC: 1, MGU-H: 1, MGU-K: 1, ES: 1, CE: 2
Нико Розберг
ICE: 1, TC: 1, MGU-H: 1, MGU-K: 1, ES: 1, CE: 1
Ред Бул
Даниел Рикиардо
ICE: 4, TC: 3, MGU-H: 3, MGU-K: 2, ES: 1, CE: 2
Дањил Квјат
ICE: 4, TC: 3, MGU-H: 2, MGU-K: 2, ES: 1, CE: 2
Вилијамс
Валтери Ботас
ICE: 1, TC: 1, MGU-H: 1, MGU-K: 1, ES: 1, CE: 1
Фелипе Маса
ICE: 1, TC: 1, MGU-H: 1, MGU-K: 1, ES: 1, CE: 1
Ферари
Себастијан Ветел
ICE: 2, TC: 2, MGU-H: 2, MGU-K: 2, ES: 2, CE: 2
Кими Раиконен
ICE: 2, TC: 2, MGU-H: 2, MGU-K: 2, ES: 1, CE: 2
Мекларен
Фернандо Алонсо
ICE: 3, TC: 3, MGU-H: 3, MGU-K: 2, ES: 2, CE: 2
Џенсон Батон
ICE: 3, TC: 3, MGU-H: 3, MGU-K: 3, ES: 2, CE: 2
Форс Индија
Нико Хулкенберг
ICE: 2, TC: 2, MGU-H: 2, MGU-K: 2, ES: 1, CE: 2
Серџо Перез
ICE: 1, TC: 1, MGU-H: 1, MGU-K: 1, ES: 1, CE: 1
Торо Росо
Карлос Саинц ЈР.
ICE: 3, TC: 2, MGU-H: 2, MGU-K: 2, ES: 2, CE: 2
Макс Ферстапен
ICE: 4, TC: 2, MGU-H: 3, MGU-K: 3, ES: 2, CE: 2
Лотус
Роман Грожан
ICE: 1, TC: 1, MGU-H: 1, MGU-K: 1, ES: 1, CE: 1
Пастор Малдонадо
ICE: 1, TC: 1, MGU-H: 1, MGU-K: 1, ES: 1, CE: 1
Манор
Вил Стивенс
ICE: 2, TC: 2, MGU-H: 2, MGU-K: 2, ES: 2, CE: 2
Роберто Мери
ICE: 2, TC: 2, MGU-H: 2, MGU-K: 2, ES: 2, CE: 2
Заубер
Маркус Ериксон
ICE: 2, TC: 2, MGU-H: 2, MGU-K: 2, ES: 2, CE: 2
Фелипе Наср
ICE: 2, TC: 2, MGU-H: 2, MGU-K: 2, ES: 1, CE: 2
ВО ПРЕСРЕТ НА ГЛАМУРОТ ВО МОНТЕ КАРЛО
5/21/2015 10:33:00 AM
0
Share to other apps