Патека која одговара на Мерцедес ПЕ, па нормално што во Топ 10 Пласманот имаме седум нивни болиди. Кими Раиконен конечно со добар пласман на Квалификациите, третото стартно место резервирано за неговиот тимски колега во негови раце. Лотус Ф1 со најдобриот настап оваа сезона, но не успеаа да го победат Валтери Ботас со Вилијамс.
Да не должиме многу, сите го очекувате почетокот на Финалето помеѓу Јувентус и Барселона за Титулата на Европски Првак.
Да завршиме со краток коментар дека имаме неочекуван расплет на денешните Квалификации кој ветува многу претекнувања од болидите пласирани на последните стартни позиции.
Првото место најверојатно не е доведено во прашање, но само доколку се работи како треба на болидот од Луис Хамилтон. Одговорот ќе го добиеме на Трката за Големата Награда на Канада која започнува утре, Недела, во 20:00 часот по македонско време.
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА
1. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 1:14.393
2. Нико Розберг Мерцедес АМГ 1:14.702 + 0.309
3. Кими Раиконен Ферари 1:15.014 + 0.621
4. Валтери Ботас Вилијамс 1:15.102 + 0.709
5. Роман Грожан Лотус 1:15.194 + 0.801
6. Пастор Малдонадо Лотус 1:15.329 + 0.936
7. Нико Хулкенберг Форс Индија 1:15.614 + 1.221
8. Дањил Квјат Ред Бул 1:16.079 + 1.686
9. Даниел Рикиардо Ред Бул 1:16.114 + 1.721
10. Серџо Перез Форс Индија 1:16.338 + 1.945
Q2 Најбрзо време: Луис Хамилтон 1:14.661
11. Карлос Саинц ЈР. Торо Росо 1:16.042 + 1.381
12. Макс Ферстапен Торо Росо 1:16.245 + 1.584
13. Маркус Ериксон Заубер 1:16.262 + 1.601
14. Фернандо Алонсо Мекларен 1:16.276 + 1.615
15. Фелипе Наср Заубер 1:16.620 + 1.959
Q1 Најбрзо време: Роман Грожан 1:15.833
16. Себастијан Ветел Ферари 1:17.344 + 1.511
17. Фелипе Маса Вилијамс 1:17.886 + 2.053
18. Роберто Мери Манор 1:19.133 + 3.300
19. Вил Стивенс Манор 1:19.157 + 3.324
20. Џенсон Батон Мекларен без поставено време
107% време: 1:21.141
2014. Нико Розберг - Мерцедес АМГ - 1:14.874