Нико Розберг вели дека на Австриското ГП ќе биде во режим на "максимален напад" за нова победа, а како најголеми конкуренти, се разбира, освен неговиот тимски колега, ги издвојува возачите на Вилијамс. Германецот ќе се обиде да возврати по поразот од својот тимски колега на трката во Канада. Луис Хамилтон има 17 поени предност во генералниот пласман на возачи.
"Канадското ГП за мене беше изгубено во саботата. Квалификациите не поминаа како што треба, што ги намали шансите за Победа. Но, моето темпо во трката беше позитивно искуство, што ќе ми овозможи максимално да напаѓам во Австрија. Се надевам дека ќе го повторам успехот од минатата сезона на Ред Бул Ринг."
"Се разбира, ние тогаш немавме идеален настап во квалификациите, но нашата сила ја демостриравме во неделната трка. Сигурен сум дека и оваа година ќе имаме жестока конкуренција во тимот на Вилијамс, но, веројатно надополнети и со некои други болиди. Јас навистина уживам во возењето во Шпилберг, народот е неверојатен, плус тоа е домашна трка за Ники и Тото. Секако дека ќе треба да го извлечеме максимумот од нашите болиди."
НИКО РОЗБЕРГ ВО РЕЖИМ МАКСИМАЛЕН НАПАД
6/18/2015 11:47:00 AM
0
Share to other apps