Рено не знае што да направи со своите Ф1 ПЕ за да проработат како треба, сето тоа доведува до шпекулации дека немаат визија за својата иднина во Формула 1 Шампионатот. Како последица на тоа се појавија нови шпекулации од тимот на Ред Бул дека ја разгледуваат можноста за префрлање на Ферари ПЕ.
Германискиот весник, Спорт Билд, тврди дека трпението на водечките луѓе во Австрискиот тим е при крај и преку глава им е од слабите перформанси на ПЕ од својот сегашен партнер Рено Ф1. Затоа, разгледувајќи ги сите опции, се вели дека Ред Бул започнал преговори со својот ривал Ферари.
Спорт Билд тврди дека Ферари е навистина подготвен да го олесни враќањето на Ред Бул и Торо Росо кон ПЕ на овој Италијански производител за 2016 година. Сепак, овие тимови, наводно, би имале јасен статус "Б", вклучувајќи и спецификација на моторот за 20-30 КС зад тимот на Ферари.
Но, д-р Хелмут Марко вели: "Дури и Б-верзијата на Ферари ПЕ ќе биде подобра отколку A-верзијата на Рено ПЕ."
Во моментов, двата тима се под обврски со Рено за 2016 година, но се верува дека договорот со Ред Бул би можел лесно да се раскине, а Торо Росо да биде предаден во целосна сопственост на Рено, доколку Французите се решат да останат во Ф1 Шампионатот како полноправен фабрички тим.
РЕД БУЛ ГИ ПОСАКУВА ФЕРАРИ ПЕ, ДУРИ И АКО БИ БИЛЕ Б-СПЕЦИФИКАЦИЈА
6/17/2015 04:38:00 PM
0
Share to other apps