Силверстоун е местото каде што се започна во 1950-тата година со одржување на првата трка во историјата на модерната ера на Формула 1 Шампионатите. Останува домаќин на Големата Награда на Британија до 1954 година, кога го дели настанот со Ајнтри од 1955-1962 година, а од 1963-1986 со Брендс Хеч. Од 1987 година па наваму Силверстоун е единственото место за одржување на овој настан.
Силверстоун е брзa, флуидна пaтека која e комбинација од брзи кривини на почетокот со голем број на бавни кривини кон крајот на кругот. Maggots, Becketts and Chapel се издвојуваат како една од најсложените комбинациии на кривини во шампионатот.
Патеката е изградена на воен аеродром и е на ветровито место, со налети на ветрот што често може да го нарушат балансот на болидите. Временските услови во Силверстоун историски гледано се многу неконзистентни. Често се случувало да има дожд во некоја фаза на тркачкиот викенд. Варијациите во температурата, исто така, може да бидат доста значајни и да се движат од ниски 18 до веќе 27 степени следниот ден. Се ова има значајна улога во успешното подесување на болидот. Времеската прогноза за оваа година е жешко и суво време во текот на целиот тркачки викенд
Силверстоун е широка патека со многу место за излетување околу повеќето свиоци, така што ризикот за излегување на безбедносното возило е минимален. Згора на тоа, маршалите покрај патеката се рангирани меѓу најдобрите во светот, па повеќето инциденти се расчистуваат брзо и ефикасно. Оваа патека е една од подобрите во однос за претекнувањето. Постојат многу брзи свиоци кои овозможуваат одлични можности за претекнување. Возачите можат да пренесат многу брзина во нив, но, исто така, и да се движат по различни линии при нивното поминување и при излезот, што во суштина е она што доведува до претекнување.
Пирели за оваа трка ги донесе своите најтврди смеши, што беше критикувано од страна на некои тимови на чело со Ферари, кои мислат дека таа номинација не им оди во прилог, но и воопшто кон возбудлива трка. Но, Пирели беа конзервативни во изборот не сакајќи да се повтори 2013 година, која ни покажа дека ова е една од најтешките патеки во календарот во однос на гумите.
За разлика од патеките како што на пример е Барселона, постојат многу малку зони на силно сопирање каде што може брзо да се наполнат акумулаторите на ЕРС-системот. Ова значи дека, тимот што има ефикасен ЕРС-систем и при собирање на кинетичката енергија и при имплементирање на неговата енергија, толку побрзи ќе бидат нивните болиди. Со еден збор Мерцедес ќе има огромна предност по тоа прашање, како тим кој го има најдобриот хибриден систем на својот болид.
На оваа патека Пол позицијата не е од големо значење. Во текот на изминатата деценија возачот што стартувал од првата позиција само два пати бил Победник, Алонсо во 2006 година и Ветел во 2009 година. Луис Хамилтон, минатогодишниот Победник, стартуваше дури од 6-тата позиција.
Еве и список на досега искористените делови на ПЕ од страна на секој од возачите:
ICE: мотор со внатрешно согорување
TC: турбо полнач
MGU-H: Генератор на топлинска енергија (издувни гасови)
MGU-K: Генератор на кинетичка енергија (сопирачки)
ES: Акумулатор за складирање на енергија
СЕ: Централна компјутерска единица
Мерцедес АМГ
Луис Хамилтон
ICE: 2, TC: 2, MGU-H: 2, MGU-K: 2, ES: 2, CE: 2
Нико Розберг
ICE: 2, TC: 2, MGU-H: 2, MGU-K: 2, ES: 2, CE:2
Ред Бул
Даниел Рикиардо
ICE: 5, TC: 3, MGU-H: 3, MGU-K: 2, ES: 1, CE: 2
Дањил Квјат
ICE: 5, TC: 3, MGU-H: 2, MGU-K: 2, ES: 1, CE: 2
Вилијамс
Валтери Ботас
ICE: 2, TC: 2, MGU-H: 2, MGU-K: 2, ES: 2, CE: 2
Фелипе Маса
ICE: 2, TC: 2, MGU-H: 2, MGU-K: 2, ES: 2, CE:2
Ферари
Себастијан Ветел
ICE: 3, TC: 2, MGU-H: 2, MGU-K: 2, ES: 2, CE: 2
Кими Раиконен
ICE: 3, TC: 2, MGU-H: 2, MGU-K: 2, ES: 1, CE: 2
Мекларен
Фернандо Алонсо
ICE: 5, TC: 5, MGU-H: 5, MGU-K: 3, ES: 3, CE: 4
Џенсон Батон
ICE: 5, TC: 6, MGU-H: 6, MGU-K: 5, ES: 3, CE: 3
Форс Индија
Нико Хулкенберг
ICE: 3, TC: 3, MGU-H: 3, MGU-K: 3, ES: 2, CE: 2
Серџо Перез
ICE: 2, TC: 2, MGU-H: 2, MGU-K: 2, ES: 2, CE:2
Торо Росо
Карлос Саинц ЈР.
ICE: 3, TC: 2, MGU-H: 2, MGU-K: 2, ES: 2, CE: 2
Макс Ферстапен
ICE: 5, TC: 3, MGU-H: 3, MGU-K: 3, ES: 2, CE: 3
Лотус
Роман Грожан
ICE: 2, TC: 2, MGU-H: 2, MGU-K: 2, ES: 2, CE: 2
Пастор Малдонадо
ICE: 2, TC: 2, MGU-H: 2, MGU-K: 2, ES: 2, CE: 2
Манор
Вил Стивенс
ICE: 3, TC: 3, MGU-H: 3, MGU-K: 3, ES: 2, CE: 3
Роберто Мери
ICE: 3, TC: 3, MGU-H: 3, MGU-K: 3, ES: 2, CE: 3
Заубер
Маркус Ериксон
ICE: 2, TC: 2, MGU-H: 2, MGU-K: 2, ES: 3, CE: 3
Фелипе Наср
ICE: 2, TC: 2, MGU-H: 2, MGU-K: 2, ES: 2, CE: 2
ВО ПРЕСРЕТ НА БРИТАНСКОТО ГРАН ПРИ
7/02/2015 06:17:00 PM
0
Share to other apps