АЛОНСО: ФОРМУЛА 1 Е ПРЕДВИДЛИВА И ДОСАДНА!!!
7/10/2015 09:05:00 PM
0
Фернандо Алонсо, возачот на Мекларен-Хонда и Двократен Ф1 Шампион вели дека рестиктивните правила за аеродинамичката на болидите и ограничениот развојот на ПЕ го прави овој спорт "предвидлив" и "здодевен" за фановите.
"Би сакал побрзи болиди, бидејќи сега сме премногу блиску до ГП2 времињата, веројатно повеќе тестирање или малку послободни правила во однос на развивањето на болидот, бидејќи во моментов, како што ќе се покаже болидот на првата предсезонска тест сесија, повеќе или помалку, ќе ја задржи таа позиција до крајот на сезоната. Ние се развиваме, но се развиваат и сите останати, и кога правилата не дозволуваат премногу маневрирање, еден тим не може да се развие премногу во однос на моторот или аеродинамиката. Сè е ограничено. Значи, она што го имате на првиот тест е повеќе или помалку она што ќе го имате за целата сезона. Тоа ги прави трките многу предвидливи и многу здодевни за фановите."
Иднината на Формула 1 ќе стане појасна по завршување на состанокот на Светскиот Совет за Мотоспорт во Мексико Сити каде ќе се разговара и/или ратификуваат предлозите од Стратегиската Група за Формула 1. Ако се оди според планот, една од одлуките која ќе се примени веќе од Белгиското Гран При оваа сезона ќе биде уште поголемото ограничување на уредите и софтверот за помош на возачот, особено при стартот на трката. Со овие мерки целосната контрола на болидот ќе се врати на возачот. Исто така се ограничуваат советите на инженерскиот тим преку тимското радио кога болидот се наоѓа на патеката.
Ревизија на правилата по кои се одредуваат казните поврзани со употребата и бројот на ПЕ. Тие би важеле веќе од оваа сезона. Заедно со овие промени испратена е и ревизија на правилата поврзани со системот на издувни гасови, со цел зголемување на бучноста на новите ПЕ, кои би важеле од 2016 година.
Исто така, ќе се овозможи една екстра ПЕ по возач во првата година за било кој нов производител кој би се приклучил на Ф1 Шампионатот. Ова правило ќе важи ретроактивно и за 2015 сезоната т.е. за Хонда. Но, не гледаме фајде на Јапонскиот производител, бидејќи болидите на Мекларен веќе стигнаа до својата 5-та, т.е. 6-та ПЕ.
ФИА и ФОМ добија мандат да предложат сеопфатен сет на мерки за развој на ПЕ и цената на чинење, вклучувајќи целосна ревизија на токен системот, зголемување на протокот и количината на гориво, ограничувањата при користење на динамометрите и.т.н. Со Пирели се финализираат модалитетите за зголемена слобода при избор на смешите за 2016 година.
Од страна на тимовите се проценува нов сет на регулативи за конструкција на побрзи и поагресивни болиди за 2017 година. Тука спаѓаат правилата околу пошироки болиди и гуми, нови крила и нов облик на подот и значително зголемување на аеродинамичкат потисна сила. Било разговарано за неколку возбудливи и иновативни промени на квалификациската сесија и трката кои се разгледуваат од страна на ФИА и ФОМ за воведување од 2016 година.
UPDATE: Во меѓувреме додека го пишувавме овој текст стигна и официјалното соопштение од ФИА за тоа што е одлучено на денешната седница на Светскиот Совет за Мотоспорт:
- Поедноставување на казните за ПЕ. Возачот може да биде казнет со најголема казна - Старт од последната стартна позиција. Не може да се пренесуваат казни во Трката.
- Секој Нов Производител на ПЕ во Ф1 ќе добие дополнителна ПЕ за секој возач во првата сезона. Ова ќе се применува ретроактивно за Хонда.
Овие се промените во спортските прописи кои стапуваат во сила со непосреден ефект.
Беше објавен и одобрен Провизорниот Календар за 2016 Шампионатот:
3 април - Австралија
10 април - Кина
24 април - Бахреин
1 Мај - Русија
15 Мај - Шпанија
29 Мај - Монако
12 јуни - Канада
26 јуни - Британија
3 јули - Австрија
17 јули - Азербеџан
31 јули - Германија
7 август - Унгарија
28 август - Белгија
4 септември - Италија
18 септември - Сингапур
25 септември - Малезија
9 октомври - Јапонија
23 октомври - САД (Остин)
30 октомври - Мексико
13 ноември - Бразил
27 ноември - Абу Даби
21 трка!!! Се враќа Големата Награда на Германија, деби на Баку - Азербеџан!!!
Share to other apps