Филип, таткото на Жил Бјанки, по многу време без никакви новости даде изјава за Француските медиуми. Во истата, за жал, провејуваат песимистички тонови во врска со шансите на неговиот син за задрвавување од повредите здобиени на 2014 Јапонското ГП.
Поранешниот возач на Марусија и голем потенцијал, поврзуван дури и со возачкото седиште во Ферари, веќе 9 месеци е во кома и неговата сосојба не бележи никакви промени.
"Тоа е неподнослива ситуација, тоа е дневна тортура. Понекогаш се чувствувам како да полудувам, бидејќи за мене, ова сигурно е пострашно отколку ако тој загинеше. Го гледаме и сознанието дека сме немоќни да му помогнеме не убива."
За целосно или делумно заздравување од вакви повреди на мозокот, се бара значително подобрување во текот на првите шест месеци, нешто што не се случи во овој случај со Францускиот возач. И покрај тоа што неговиот татко открива дека тој понекогаш ја стиска раката на тој што стои веднаш до него, тој не е сигурен дали тоа е свесно однесување или само рефлекс.
"Времето одминува и сега сум помалку оптимист отколку што бев пред два или три месеци по несреќата, кога можевме да се надеваме на подобра еволуција. Во еден момент, треба да биде присебен и да се сфати колку е сериозна ситуацијата."
Доколку се разбуди од кома, кое би било чудо, неговиот татко вели дека може да отвори нови компликации.
"Ако тој се соочи со голем хендикеп, ние сме прилично сигурни дека тоа не е она што тој би го сакал. Ние разговаравме за тоа. Тој ни кажа дека ако некогаш му се случи некоја несреќа слична на Михаел Шумахер, дури само ако не биде во можност да вози повеќе, тоа ќе биде многу тешко за него да го прифати. Поради тоа што тркањето беше неговиот живот."
UPDATE:
Како што навестуваше и претходната изјава на неговиот татко, Жил Бјанки синоќа им подлегна на повредите здобиени на Јапонското Гран При од минатата сезона. Тој почина во Универзитетската болница во Ница, каде што беше примен неколку месеци по несреќата што ја имаше на 5 Октомври 2014 година на патеката Сузука во Јапонија.
Официјалното соопштение на семејството Бјанки, неговите родители Филип И Кристин, братот Том и сестрата Мелани гласи:
"Жил секогаш се бореше до самиот крај, но денес неговата борба заврши. Болката е голема и неопислива. Ние сакаме да им се заблагодариме на медицинскиот персонал од болницата МИЕ во Јапонија кои му ја пружија сета неопходна нега веднаш по инцидентот, и на сите други лекари кои се грижеа за него. Исто така, сакаме да им се заблагодариме на сите негови колеги, пријатели и фанови, кои цело време даваа голема поддршка, што ни даде сила да ги издржиме овие тешки времиња. Читањето и слушањето на сите пораки ни покажаа колку голема трага оставил. Ние би сакале да ве замолиме да ја испочитувате нашата приватност во ова време кога ние се обидуваме да се соочиме со загубата на нашиот Жил."
Тешка одлука на неговото семејство, искрено сочуство #JulesBianchi17
ЖИЛ БЈАНКИ ЈА ЗАГУБИ НАЈВАЖНАТА БИТКА, Ф1 ОСТАНА БЕЗ ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ВОЗАЧКИ ТАЛЕНТИ
7/13/2015 07:29:00 PM
0
Share to other apps