Но, не изгледаше се така лесно за Германецот по појавата на истите проблеми од минатата сезона кога поради истекување на хидрауликата од менувачот не ја заврши трката. Неговите инженери во рекордно време направија промена на менувачот за да во послените моменти од сесијата го постави најбрзото време.
Неочекувано, но заслужено болидите на Торо Росо веднаш зад Сребрените стрели. Ферари резервиран и без брзи времиња со многу малку гориво, по инструкции на својот тимски шеф, кој е против давање лажна надеж на своите фанови. Исправно!!!
Оваа патека е домашна за повеќето Ф1 тимови кои имаат седиште во Англија. Мерцедес АМГ се фаворити за Победата и ништо не е изменето и по завршувањето на претпладневниот тренинг. Видовме неколку резервни и тест возачи, Џолион Палмер повторно го замени Роман Грожан во Лотус, Сузи Волф беше замена на Валтери Ботас во Вилијамс и Рафаеле Марсело го замени Маркус Ериксон во Заубер.
Најголем интерес предизвика болидот на Форс Индија, кој е единствениот со значителни надградби кои ќе се испробуваат во текот на денешните две тренинг сесии. Тие се решени на крајот од сезоната да бидат пласирани повисоко од тимот на Ред Бул.
Мекларен е тимот кој има големи проблеми со издржливоста, што беше потврдено и ова утро. Фернандо Алонсо, очекувано поради старата и можеби оштетена Хонда ПЕ од судирот со Кими Раиконен, не помина многу време на патеката. Но, отсуството на Џенсон Батон не беше планирано, а се случи поради проблеми со истекување на хидроуличната течност во неговиот болид.
Вториот слободен тренинг кој треба да ни донесе многу порелевантни времиња како показател за перформансите на болидите ќе започне во 15:00 часот.
ПРВ СЛОБОДЕН ТРЕНИНГ
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА КРУГОВИ
1. Нико Розберг Мерцедес АМГ 1:34.274 12
2. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 1:34.344 + 0.070 26
3. Макс Ферстапен Торо Росо 1:35.530 + 1.256 18
4. Карлос Саинц ЈР. Торо Росо 1:35.588 + 1.314 21
5. Кими Раиконен Ферари 1:35.669 + 1.395 33
6. Себастијан Ветел Ферари 1:35.739 + 1.465 17
7. Даниел Рикардо Ред Бул 1:35.818 + 1.544 26
8. Дањил Квјат Ред Бул 1:35.876 + 1.602 22
9. Нико Хулкенберг Форс Индија 1:36.157 + 1.883 28
10. Фелипе Маса Вилијамс 1:36.469 + 2.195 23
11. Фелипе Наср Заубер 1:36.855 + 2.581 20
12. Серџо Перез Форс Индија 1:36.889 + 2.615 26
13. Сузи Волф Вилијамс 1:37.242 + 2.968 19
14. Џолион Палмер Лотус 1:37.262 + 2.988 26
15. Рафаеле Марсело Заубер 1:37.372 + 3.098 17
16. Пастор Малдонадо Лотус 1:38.080 + 3.806 8
17. Фернандо Алонсо Мекларен 1:38.222 + 3.948 12
18. Џенсон Батон Мекларен 1:38.860 + 4.586 10
19. Вил Стивенс Манор 1:38.981 + 4.707 23
20. Роберто Мери Манор 1:40.477 + 6.203 23
* 2014: Нико Розберг - Мерцедес АМГ - 1:35.424