Може да се каже дека ова беше фрустрирачки ден за Хамилтон, кој во неколку наврати преку тимското радио кажа дека не е задоволен од стабилноста на неговиот болид и дека тој е насекаде низ патеката. Тоа се двата главни тимови кои ќе се вмешаат во борбата за Подиумот и првите стартни позиции, на кои може да се приклучи и тимот на Вилијамс, за кој знаеме дека во петок не го покаќува својот вистински потенцијал.
Програмата продолжува утре со Саботниот тренинг и Квалификационата сесија која започнува во 14:00 часот.
ВТОР СЛОБОДЕН ТРЕНИНГ
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА КРУГОВИ
1. Нико Розберг Мерцедес АМГ 1:34.155 34
2. Кими Раиконен Ферари 1:34.502 + 0.347 29
3. Себастијан Ветел Ферари 1:34.522 + 0.367 27
4. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 1:34.621 + 0.466 23
5. Дањил Квјат Ред Бул 1:35.009 + 0.854 25
6. Даниел Рикиардо Ред Бул 1:35.153 + 0.998 22
7. Макс Ферстапен Торо Росо 1:35.300 + 1.145 36
8. Нико Хулкенберг Форс Индија 1:35.387 + 1.232 34
9. Карлос Саинц ЈР. Торо Росо 1:35.866 + 1.711 37
10. Фелипе Маса Вилијамс 1:36.147 + 1.992 33
11. Пастор Малдонадо Лотус 1:36.164 + 2.009 32
12. Валтери Ботас Вилијамс 1:36.183 + 2.028 33
13. Серџо Перез Форс Индија 1:36.351 + 2.196 29
14. Ромен Грожан Лотус 1:36.728 + 2.573 21
15. Фернандо Алонсо Мекларен 1:36.731 + 2.576 19
16. Фелипе Наср Заубер 1:36.822 + 2.667 23
17. Џенсон Батон Мекларен 1:37.196 + 3.041 16
18. Маркус Ериксон Заубер 1:37.327 + 3.172 37
19. Вил Стивенс Манор 1:38.279 + 4.124 21
20. Роберто Мери Манор 1:39.878 + 5.723 21
* 2014: Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:34.508