Стратегиската група не седи со скрстени раце и во текот на објавувањето на резултатите од анкетата на Ф1 возачите одржаа состанок на кој се направи еден чекор понапред за иднината на Формула 1. На една неочекувано конструктивна средба, се одобрени важни одлуки и иновативни насоки за Ф1 Шампионатот.
Една од одлуките која ќе се примени веќе од Белгиското Гран При оваа сезона ќе биде уште поголемото ограничување на уредите и софтверот за помош на возачот, особено при стартот на трката. Со овие мерки целосната контрола на болидот ќе се врати на возачот, што би довело до повозбудливи и непредвидли трки. Исто така се ограничуваат советите на инженерскиот тим преку тимското радио кога болидот се наоѓа на патеката.
Ревизија на правилата по кои се одредуваат казните поврзани со употребата и бројот на ПЕ, кои се експресно пратени на усвојување од страна на Комисијата за Ф1 на ФИА, веќе на следниот состанок на Светскиот Совет за Мотоспорт, кој ќе се одржи во Мексико Сити следната недела. Тие би важеле веќе од оваа сезона. Заедно со овие промени испратена е и ревизија на правилата поврзани со системот на издувни гасови, со цел зголемување на бучноста на новите ПЕ, кои би важеле од 2016 година.
Исто така, било договорено да се овозможи една екстра ПЕ по возач во првата година за било кој нов производител кој би се приклучил на Ф1 Шампионатот. Ова правило ќе важи ретроактивно и за 2015 сезоната т.е. за Хонда. Но, не гледаме фајде на Јапонскиот производител, бидејќи болидите на Мекаен веќе стигнаа до својата 5-та, т.е. 6-та ПЕ.
ФИА и ФОМ добија мандат да предложат сеопфатен сет на мерки за развој на ПЕ и цената на чинење, вклучувајќи целосна ревизија на токен системот, зголемување на протокот и количината на гориво, ограничувањата при користење на динамометрите и.т.н.
Со Пирели се финализираат модалитетите за зголемена слобода при избор на смешите за 2016 година.
Од страна на тимовите се проценува нов сет на регулативи за конструкција на побрзи и поагресивни болиди за 2017 година. Тука спаѓаат правилата околу пошироки болиди и гуми, нови крила и нов облик на подот и значително зголемување на аеродинамичкат потисна сила.
Било разговарано за неколку возбудливи и иновативни промени на квалификациската сесија и трката кои се разгледуваат од страна на ФИА и ФОМ за воведување од 2016 година.
ФИА, ФОМ И ТИМОВИТЕ ГИ ПЛАНИРААТ 2017 БОЛИДИТЕ
7/03/2015 12:39:00 AM
0
Tags
Share to other apps