Во последната Q3 сесија прв на патеката беше Кими Раиконен, единствен начин за момент да биде на врвот од табелата, но не за долго. Неговото време веднаш беше подобрено од Луис Хамилтон за повеќе од 1 секунда. Нико Розберг беше блиску зад Британецот, но заостана за една десетинка. Третата и четвртата позиција отиде за болидите на Вилијамс, Ботас пред Маса, додека Раиконен беше петти, пред Ветел. Квјат беше седми пред Саинц, Рикиардо и Хулкенберг. Следуваа вторите брзи круга, но на крајот од сесијата само Маса и Хулкенберг комплетираа добар круг што им донесе подобрување од по една стартна позиција.
По денешниот ден нема некоја најава за интересна трка на Големата Награда на Британија, која започнува утре во стандардниот термин за Европа - 14:00 часот.
2015 БРИТАНИЈА ГП - КВАЛИФИКАЦИИ
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА
1. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 1:32.248
2. Нико Розберг Мерцедес АМГ 1:32.361 + 0.115
3. Фелипе Маса Вилијамс 1:33.085 + 0.837
4. Валтери Ботас Вилијамс 1:33.149 + 0.901
5. Кими Раиконен Ферари 1:33.379 + 1.131
6. Себастијан Ветел Ферари 1:33.547 + 1.299
7. Дањил Квјат Ред Бул 1:33.636 + 1.388
8. Карлос Саинц ЈР. Торо Росо 1:33.649 + 1.401
9. Нико Хулкенберг Форс Индија 1:33.673 + 1.425
10. Даниел Рикиардо Ред Бул 1:33.943 + 1.695
Q2 Најбрзо време: Нико Розберг 1:32.737
11. Серџо Перез Форс Индија 1:34.268 + 1.347
12. Роман Грожан Лотус 1:34.289 + 1.552
13. Макс Ферстапен Торо Росо 1:34.502 + 1.765
14. Пастор Малдонадо Лотус 1:34.511 + 1.774
15. Маркус Ериксон Заубер 1:34.868 + 2.131
Q1 Најбрзо време: Кими Раиконен 1:33.426
16. Фелипе Наср Заубер 1:34.888 + 1.462
17. Фернандо Алонсо Мекларен 1:34.959 + 1.533
18. Џенсон Батон Мекларен 1:35.207 + 1.781
19. Вил Стивенс Манор 1:37.364 + 3.938
20. Роберто Мери Манор 1:39.377 + 5.951
107% време: 1:39.965