ФИА и официјално потврди дека нема да има нови тимови во Формула 1 Шампионатот, т.е. освен веќе поодамна потврдениот тим на HAAS кој ќе се придружи од следната година.
Новите апликанти на кои се пријавиле на тендерот објавен на почетокот од годинава од страна на ФИА, не ги поминале проверките за нивна сериозност и одржливост во шампионатот.
"Можеме да потврдиме дека ФИА прими две апликации за слободните места на гридот. Апликантите беа процесирани преку наша сеопфатна анализа. За жал, ниту еден од пријавените не беа во можност да ги исполнат критериумите на ФИА за нови тимови и покрај пролонгираниот рок, и ние сега можеме да кажеме дека овој круг на апликации е затворен," - изјави портпаролот на ФИА.
ПОТРАГАТА ПО НОВИ Ф1 ТИМОВИ НЕУСПЕШНА
8/16/2015 11:55:00 AM
0
Tags
Share to other apps

