Втората половина од 2015 сезоната, започнува со Спа-Франкоршамп, една од најпосакуваните за возачите и дел од историските патеки во календарот на Формула 1 Шампионатот. Се карактеризира со долг круг од седум километри, кои се поминуваат со голема брзина, големи промени на елевацијата, брзи свиоци и променливи временски услови.
Пирели ги номинираше меките и медиум гуми кои претставуваат најдобар компромис меѓу перформансите и издржливоста. СПА е трка каде што може да се случат многу неочекувани пресврти, со висока шанса за безбедносното возило, до неочекувана промена на времето, па стратегија на тимовите е мнногу значајна, т.е. нивната способност да ги прочитаат овие услови и да реагираат најбрзо што можат.
Белгиското Гран При, го претставува најтешкиот тест за Погонските единимци во сезоната. Времето поминато под полн гас е на нивото на Монца, но свиоците и промената во елевацијата ја зголемуваат нивната оптовареност.
Тимовите пристигнуваат секој со свои надежи за што повисок пласман. Мекларен е тимот од кој се очекува најголем напредок поради надградената Хонда ПЕ, која според челниците на овој Јапонски производител со својата целосна моќност ќе се изедначи со ПЕ на Ферари.
Надградбите вклучуваат ревидиран мотор, кој има промени кај коморите за согорување, влезните и излезни вентили, нов издувен систем и промена во поставеноста на менувачот. Според нив таа сега е многу подобра од Рено ПЕ и многу поблиска до Ферари ПЕ. Поствената цел е за 2016-тата сезона да парира на Мерцедес. Она што не оди во прилог на Мекларен е што двајцата возачи ќе заработат казни за користење на седма ПЕ во оваа сезона.
Ферари ќе настојува да дојде до нова Победа на својата јубилејна 900 трка, постигнување со кое нити еден друг тим не може да се пофали. Продолжувањето на договорот со Кими Раиконен е уште еден добар потег на Италијанскиот тим кон подобра втора половина од сезоната. Сите Ф1 тимови доаѓаат со аеро подобрувања на своите болиди, но од минимален карактер за разлика од тие на Мекларен.
Кога сме кај возачите се е јасно, борбата за титулата се решава помеѓу тимските колеги Луис Хамилтон и Нико Розберг, на местото каде минатата година имаа инцидент од кој Британецот доби крила, додека Германецот како сеуште да не може да се извлече од неговата сенка. Очекува помош од промените на стартната процедура, со кои од оваа трка возачот е оставен сам на себе, без никаква помош од софтвер за перфектен старт. Со тоа стартот на Белгиското Гран При би требало да биде супер интересен.
Еве и список на досега искористените делови на ПЕ од страна на секој од возачите:
ICE: мотор со внатрешно согорување
TC: турбо полнач
MGU-H: Генератор на топлинска енергија (издувни гасови)
MGU-K: Генератор на кинетичка енергија (сопирачки)
ES: Акумулатор за складирање на енергија
СЕ: Централна компјутерска единица
Мерцедес АМГ
Луис Хамилтон
ICE: 2, TC: 2, MGU-H: 2, MGU-K: 2, ES: 2, CE: 2
Нико Розберг
ICE: 2, TC: 2, MGU-H: 2, MGU-K: 2, ES: 2, CE:2
Ред Бул
Даниел Рикиардо
ICE: 5, TC: 3, MGU-H: 3, MGU-K: 3, ES: 2, CE: 2
Дањил Квјат
ICE: 5, TC: 3, MGU-H: 2, MGU-K: 2, ES: 2, CE: 2
Вилијамс
Валтери Ботас
ICE: 2, TC: 2, MGU-H: 2, MGU-K: 2, ES: 2, CE: 2
Фелипе Маса
ICE: 2, TC: 2, MGU-H: 2, MGU-K: 2, ES: 2, CE:2
Ферари
Себастијан Ветел
ICE: 3, TC: 3, MGU-H: 3, MGU-K: 2, ES: 2, CE: 3
Кими Раиконен
ICE: 3, TC: 3, MGU-H: 3, MGU-K: 2, ES: 3, CE: 3
Мекларен
Фернандо Алонсо
ICE: 6, TC: 6, MGU-H: 6, MGU-K: 5, ES: 4, CE: 5
Џенсон Батон
ICE: 6, TC: 7, MGU-H: 7, MGU-K: 6, ES: 3, CE: 4
Форс Индија
Нико Хулкенберг
ICE: 3, TC: 3, MGU-H: 3, MGU-K: 3, ES: 2, CE: 2
Серџо Перез
ICE: 2, TC: 2, MGU-H: 2, MGU-K: 2, ES: 2, CE:2
Торо Росо
Карлос Саинц ЈР.
ICE: 4, TC: 3, MGU-H: 3, MGU-K: 3, ES: 2, CE: 3
Макс Ферстапен
ICE: 5, TC: 3, MGU-H: 3, MGU-K: 3, ES: 2, CE: 3
Лотус
Роман Грожан
ICE: 2, TC: 2, MGU-H: 2, MGU-K: 2, ES: 2, CE: 2
Пастор Малдонадо
ICE: 2, TC: 2, MGU-H: 2, MGU-K: 2, ES: 2, CE: 2
Манор
Вил Стивенс
ICE: 3, TC: 3, MGU-H: 3, MGU-K: 3, ES: 2, CE: 3
Роберто Мери
ICE: 4, TC: 4, MGU-H: 4, MGU-K: 3, ES: 2, CE: 3
Заубер
Маркус Ериксон
ICE: 2, TC: 2, MGU-H: 2, MGU-K: 2, ES: 3, CE: 3
Фелипе Наср
ICE: 2, TC: 2, MGU-H: 2, MGU-K: 2, ES: 3, CE: 3
ВО ПРЕСРЕТ НА БЕЛГИСКОТО ГРАН ПРИ
8/20/2015 11:23:00 PM
0
Share to other apps


