Хелмут Марко е единствениот член на Ред Бул Ф1 тимот кој е најслободен во своите изјави за соработката помеѓу нив и Францускиот производител на Ф1 Погонски Единици. Повторно во својата најнова изјава вели дека ќе го испочитуваат договорот со Рено и за 2016 година, но ако не се подобрат нивниот избор од 2017 сезона ќе биде Мерцедес или Ферари ПЕ. Тензиите меѓу Ред Бул и Рено се навистина големи и се погласни се шпекулациите дека најверојатно нема да има продолжување на нивната соработка.
Во меѓувреме Рено размислува дали да ги одобри плановите за преземање на Лотус со што би имале свој фабрички тим, додека тимот на Ред Бул ги оценува најповолните опции за својата иднина. Имаше непотврдени шпекулации дека претходно оваа година имало средби помеѓу Ред Бул и Ауди, но соработката не била возможна во толку краток рок.
"Моменталните погонски единици се премногу комплицирани. Не може нити еден познат производител да каже, во ред, ние ќе направиме Ф1 ПЕ за краток период. Секако таа одлука треба да биде поткрепена и со голема финансиска инвестиција. Плус, има премногу прашалници во Формула 1 во овој момент."
"Плановите на Рено нема да влијаат на нашите одлуки. Ние имаме договор до 2016, и ако од Рено одлучат да купат сопствен тим или било што друго, во ред. Но, од 2017 година почнува друга приказна. Ние сме во потрага по сите опции. Ние сме во потрага по можности."
Дали тоа ќе значи или прифаќање на понудата за купување ПЕ од Ферари, или убедување на Мерцедес да ја прекине својата неподготвеност за договор за снабдување. Потрагата на Ред Бул продолжува, исходот ќе го знаме следната сезона.
ИСТОРИСКИ МОМЕНТИ ЗА ТИМОТ НА РЕД БУЛ
8/15/2015 02:25:00 PM
0
Share to other apps

