Во Мерцедес АМГ откако увидоа дека немаат конкуренција за оваа 2015 сезона, се решија да ги искористат преостанатите 7 токени за развој на својата ПЕ, кои се насочени кон доминација и во наредната сезона. Нико Розберг и Луис Хамилтон ќе се префрлат на нивниот трет мотор во Монца, кој ќе ги има новите подобрувања. Но, наместо да се зголеми моќта за Големата награда на Италија, потегот е повеќе насочен кон развој на болидот за 2016 година.
Поголемиот дел од реоните подобрени со овие 7 последни развојни токени за оваа сезона се дел од насоката на развој што тимот сака да ја усвои за следната сезона. Воведувањето на надградбите порано од планираното, исто така, ќе им овозможи нивно тестирање во пракса, нешто што се покажа како решителен фактор за развој на новите ПЕ.
Подобрувањата на Мерцедес ПЕ ќе бидат применети само на Мерцедес АМГ, иако во текот на сезоната е можна и нивна испорака до своите клиент-тимови Вилијамс, Лотус и Форс Индија. Хонда искористи дел од своите развојни токени за Белгиското ГП, додека Ферари најавуваше, но сега не се толку оптимистички расположени за користење дополнителни токени за трката овој викенд во Италија.
МЕРЦЕДЕС АМГ: 2015 Е РЕШЕНА, СЕ НАСОЧУВАМЕ КОН 2016 СЕЗОНАТА
9/03/2015 07:40:00 PM
0
Share to other apps

