Формула 1 циркусот со две легендарни трки го завршува Европскиот дел од оваа 2015 сезона. После трката во Спа-Франкоршамп, Ф1 тимовите се веќе на патеката Монца, подготвувајќи се за Италијанското Гран При.
Оваа патека е една од класиците на Формула 1, изградена е во далечната 1922 година и е една од двете тековни патеки кои што биле домаќини и во инаугуративната сезона на Ф1 шампионатот во 1950 година. Првотo Италијанското ГП се одржало во 1921 година во Бреша, со Jules Goux како Победник, а потоа во 1922 оваа трка се сели во Монца.
Оригиналната Монца имала над 10 километри, и од дамнешни времиња го има епитетот за храм на брзината со просечни брзини кои достигнуваат до 250км/ч., додека Максималната брзина надминува 350 км/ч., па растојанието од 300 км се завршува во најкус рок од целата сезона. Добрата максимална брзина е многу важна за да се постигне добар резултат.
Монца е домашна трка за Пирели, која се наоѓа само половина час возење од матичните канцеларии на компанијата во Милано. Аеродинамичната потисна сила е значително намалена оваа година, што значи дека гумите треба да го генерираат поголемиот дел од грипот, што е од суштинско значење за наоѓање на вистинскиот сет-ап. Пирели за разлика од минатата година се реши за малку посмела варијатнта за Монца, номинирајќи ги меките и медиум смеши, кои не се покажаа баш како добар избор на исто така брзата СПА-франкоршамп.
Големата Награда на Италија која ќе се одржи во недела, ќе биде 66-та по ред, исто така, домашна патека и за Ферари, на која имаат 18 Победи, 19 Пол позиции и 64 подиуми. Сепак, како и минатата година, верните фанови на Ферари не може да очекуваат добар резултат и како што најави и нивниот Претседател, Серџо Маркионе, тој ќе биде многу тежок за остварување.
Како и на СПА, повторно очекуваме доминација на болидите со Мерцедес ПЕ, кои својата моќност убедливо ја демонстрираат на ваквите брзи патеки. Најмногу очекуваме од Мерцедес АМГ тимот. Со завршувањето на Европскиот дел веќе е многу појасна борбата за Титулата и во возачи и конструктори, т.е. за Шампиони повторно може да се прогласат Луис Хамилтон и Мерцедес АМГ.
ВО ПРЕСРЕТ НА ИТАЛИЈАНСКОТО ГРАН ПРИ
9/03/2015 12:04:00 PM
0
Share to other apps

