Очекувано кога немаш подобри опции, остануваш во тимот кој го сметаш за најсилен. Па така, денес и официјално Нико Хулкенберг го продолжи својот договор со тимот на Форс Индија за 2016 и 2017 година. Сите во тимот се задоволи со овој развој на настаните, бидејќи си обезбедија врвен возач барем до крајот на сезоната 2017.
Нико Хулкенберг: "Јас сум многу задоволен што ги финализирав и објавив моите планови за во иднина. Го познавам тимот многу добро и тука се чувствувам како дома, па логично е да се посветам на него подолгорочно. Напредокот што го имаме во текот на последните две години навистина ме импресионира и ми дава надеж за во иднина. Сакам да помогнам во напредокот на овој тим и да напредуваме кон врвот на поредокот."
Д-р Виџај Малија: "Не кријам дека сум еден од најголемите фанови на Нико, па фантастично е што ќе го имаме во нашите редови и следните неколку сезони. Тој има поминато речиси четири години со нас, за кое време тој се разви во еден од најдобрите возачи на тркачки автомобили во светот. Нико има брзина, техничко знаење и зрелост да ни помогне да постигнеме поголеми резултати во наредните години. Ние ќе направиме се што можеме за да му обезбедиме што поконкурентен болид, кој ќе одговара на неговиот талент."
НИКО ХУЛКЕНБЕРГ ПРОДОЛЖУВА СО ФОРС ИНДИЈА
9/01/2015 04:39:00 PM
0
Share to other apps

