Од тркачки аспект нема некоја возбуда за нас фановите, бидејќи се е решено и запечатено можеби уште пред почетокот на оваа 2015 сезона. Првата утринска сесија помина вообичаено и без некои поголеми возбудувања, како и секогаш ги видовме болидите со чудни сензори и "нормални" излетувања надвор од патеката и блокирање на тркалата. Најголемиот инцидент го имаше Кими Раиконен, кој успеа да го исконтролира болидот на Ферари при неговото излетување во 4-от свиок, и да помине без никакви оштетувања.



Но, ајде да си најдеме некои споредни работи за да ни биде интересен овој викенд. Верувале или не, Луис Хамилтон, сега трикратен Ф1 Шампион, никогаш не победил во Бразил. Дали на ова трка тоа ќе му појде од рака?!? Нико Розберг, победникот тука пред 12 месеци, како и на претходната трка во Мексико е решен да не му ја дозволи таа радост. Но, ако по утрото денот се познава, тешко да успее во таа намера.
Друг возач, кој очајно посакува силен викенд е локалниот херој, Фелипе Маса. На домашен терен тој има 2 Победи и 5 пласмани на Победничкиот подиум. Публиката секогаш го понесува да направи добри резултати, но на оваа сесија не се покажа баш во најдобро светло. Истото важи и за неговиот сонародник, Фелипе Наср, кој за прв пат ќе настапува домашните навивачи.
Времето во Бразил е сончево, но метеоролозите најавуваат шанси за дождлива недела. Вториот тренинг започнува во 17 часот по македонско време.
2015 БРАЗИЛ ГП - ПРВ СЛОБОДЕН ТРЕНИНГ
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА КРУГОВИ
1. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 1:13.543 28
2. Нико Розберг Мерцедес АМГ 1:14.062 + 0.519 36
3. Себастијан Ветел Ферари 1:14.168 + 0.625 27
4. Даниел Рикиардо Ред Бул 1:14.449 + 0.906 27
5. Кими Раиконен Ферари 1:14.549 + 1.006 20
6. Данил Квјат Ред Бул 1:14.696 + 1.153 25
7. Валтери Ботас Вилијамс 1:14.886 + 1.343 25
8. Макс Ферстапен Торо Росо 1:14.960 + 1.417 38
9. Нико Хулкенберг Форс Индија 1:15.174 + 1.631 33
10. Пастор Малдонадо Лотус 1:15.192 + 1.649 31
11. Карлос Саинц ЈР. Торо Росо 1:15.314 + 1.771 38
12. Џолион Палмер Лотус 1:15.352 + 1.809 33
13. Џенсон Батон Мекларен 1:15.379 + 1.836 28
14. Фелипе Наср Заубер 1:15.381 + 1.838 29
15. Серџо Перез Форс Индија 1:15.408 + 1.865 32
16. Фернандо Алонсо Мекларен 1:15.415 + 1.870 29
17. Фелипе Маса Вилијамс 1:15.469 + 1.926 24
18. Маркус Ериксон Заубер 1:15.798 + 2.255 34
19. Александар Роси Манор 1:17.860 + 4.317 23
20. Вил Стивенс Манор 1:18.090 + 4.547 22
ПОД ПРОСЕК: Заубер, Мекларен
НАД ПРОСЕК: Ред Бул
* 2014 - Нико Розберг - Мерцедес АМГ - 1:12.764