Највениот дожд за неделната трка се појави на оваа сесија, но во многу мали количини и не предизвика некои поголеми пореметувања во тест програмите на Ф1 тимовите. На малите екрани немаше ни да го забележиме, ако не беа тимските радио комуникации. Тоа предизвика поголема раздвиженост на патеката во почетните делови од тренингот, кога најбрз беше Хамилтон, при тоа употребувајќи ги медиум гумите на Пирели, 0.136 секунди пред Розберг.
Кога помина опасноста од дожд, возачите се префрлија на меките гуми, а а Валтери Ботас беше првиот што забележа најбрзо време на таа смеша. Според инженерите на Пирели разликата помеѓу двете смеши е околу една секунда.
Единственото црвено знаме на денот го предизвика Фернандо Алонсо кога неговиот Мекларен изгуби сила и застана покрај патеката. Голем облак на чад излегуваше од ПЕ на Хонда. Сесијата продолжи по 10 минутна пауза, време кое беше потребно да се изнесе болидот на Шпанецот надвор од патеката.
Ако не се промени нешто во текот на утрешниот ден, а најверојатно нема, се е јасно борбата за Победата ќе се води помеѓу тимските колеги во тимот на Сребрените Стрели. Третиот тренинг е закажан за Сабота, во 14:00, додека Квалификациите за 17 часот по македонско време.
2015 БРАЗИЛ ГП - ВТОР СЛОБОДЕН ТРЕНИНГ
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА КРУГОВИ
1. Нико Розберг Мерцедес АМГ 1:12.385 42
2. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 1:12.843 + 0.458 39
3. Себастијан Ветел Ферари 1:13.345 + 0.960 41
4. Кими Раиконен Ферари 1:13.500 + 1.115 43
5. Даниел Рикиардо Ред Бул 1:13.585 + 1.200 39
6. Валтери Ботас Вилијамс 1:13.603 + 1.218 37
7. Роман Грожан Лотус 1:13.634 + 1.249 45
8. Нико Хулкенберг Форс Индија 1:13.710 + 1.325 43
9. Данил Квјат Ред Бул 1:13.848 + 1.463 40
10. Фелипе Маса Вилијамс 1:13.870 + 1.485 42
11. Серџо Перез Форс Индија 1:14.056 + 1.671 34
12. Пастор Малдонадо Лотус 1:14.124 + 1.739 42
13. Фелипе Наср Заубер 1:14.134 + 1.749 44
14. Макс Ферстапен Торо Росо 1:14.226 + 1.841 35
15. Карлос Саинц ЈР. Торо Росо 1:14.326 + 1.941 45
16. Џенсон Батон Мекларен 1:14.644 + 2.259 37
17. Маркус Ериксон Заубер 1:14.772 + 2.387 38
18. Фернандо Алонсо Мекларен 1:15.129 + 2.744 10
19. Вил Стивенс Манор 1:16.501 + 4.116 35
20. Александар Роси Манор 1:16.787 + 4.402 35
ПОД ПРОСЕК: Торо Росо, Заубер, Мекларен
НАД ПРОСЕК: Ред Бул
* 2014 - Нико Розберг - Мерцедес АМГ - 1:12.123